ANGIO PREVENTI NANO VIT C

740 ден

ANGIO PREVENTI NANO VIT C – СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: ноќна нега за розацеа и кожа склона на купероза (црвенило) и кожа со фрагилни капилари.

Нема на залиха

ANGIO PREVENTI NANO VIT C

Active anti-wrinkle night cream

Ја минимизира видливоста на црвенило и ги засилува капиларите. Troxerutin, силно припојувачка форма на рутин, спречува кинење на крвните садови и формирање на мали екстравазации. Го елиминира чувството на затегнатост и оток на подрачјето погодено од розацеа, со што има смирувачки ефект врз кожата со прекумерно активни крвни садови, исто така во почетните фази на розацеа.

Дополнително, витамин Е со концентрација од 1% ја стимулира микроциркулацијата во површинските слоеви на кожата и ја подобрува нејзината боја.

Го намалува отокот и црвенилото – Arnica Montana ја поддржува микроциркулацијата во кожата, ги зајакнува и стега капиларите, помага во случај на воспалителни состојби на кожата преку поддржување на заздравувачките процеси.

Овозможува долгорочна поддршка за функционирање на капиларите – нанозомираниот Витамин Ц лесно се пробива низ епидермалната бариера и продира во подлабоки слоеви на кожата. Ја забрзува синтеза на колаген, ги зајакнува sидовите на капиларите и има антиоксидативни својства.

Ја обновува липидната структура на кожата и ја подобрува хидратацијата. Маслиновото масло, фитоскваланот и маслото од авокадо овозможуваат совршена комбинација на состојки кои ја задржуваат водата во епидермисот. Богати со витамини А, Б, Д и Е, минерални соли и сквалан, тие ги одложуваат процесите на стареење на кожата со спречување на прекумерна дехидрација.

  • Ја кондиционира и штити кожата со проширени капилари
  • Го намалува црвенилото и ги смирува иритациите

СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: ноќна нега за розацеа и кожа склона на купероза (црвенило).

Упатство за употреба:

нанесете рамномерен слој од производот на исчистеното лице и оставете го додека не се апсорбира.

ХИПОАЛЕРГЕНО, СО ТЕРМАЛНА ВОДА

Досега немате прегледано ниту еден производ.