Angio Set

Бренд:

2,280 ден 1,690 ден

ANGIO PREVENTI MICELLAR WATER 500ML, ANGIO PREVENTI NANO VIT C ACTIVE ANTI-WRINKLE NIGHT CREAM 55GR,

ANGIO PREVENTI NANO VIT E REDNESS CORRECTING DAY CREAM SPF 20 + IR, 40GR

Количина:

Опис

ANGIO PREVENTI MICELLAR WATER 500ML

Ја чисти кожата од сите нечистотии и ја отстранува шминката, оставајќи ја кожата да се чувствува свежа и чиста – мицелите на естри на масни киселини ги привлекуваат нечистотии без потреба да ја триете кожата прекумерно со памучен бришач.

Ги намалува симптомите на проширените капилари – Melissa Officinalis ја смирува чувствителната кожа проткаена со вени и го намалува црвенилото предизвикано од проширените капилари.

Има измазнувачки и смирувачки ефект – алое гелот што се користи во формулата ја намалува иритацијата и ја навлажнува кожата.
> Не ги затвара порите > Неутралнo за очите > Не остава никаков филм на кожата > Офталмолошки тестирано

ANGIO PREVENTI NANO VIT C ACTIVE ANTI-WRINKLE NIGHT CREAM 55GR

Ја минимизира видливоста на црвенило и ги засилува капиларите – Troxerutin, силно припојувачка форма на рутин, спречува кинење на крвните садови и формирање на мали екстравазации. Го елиминира чувството на затегнатост и оток на подрачјето погодено од розацеа, со што има смирувачки ефект врз кожата со прекумерно активни крвни садови, исто така во почетните фази на розацеа. Дополнително, витамин Е со концентрација од 1% ја стимулира микроциркулацијата во површинските слоеви на кожата и ја подобрува нејзината боја.

Го намалува отокот и црвенилото – Arnica Montana ја поддржува микроциркулацијата во кожата, ги зајакнува и стега капиларите, помага во случај на воспалителни состојби на кожата преку поддржување на заздравувачките процеси.

Овозможува долгорочна поддршка за функционирање на капиларите – нанозомираниот Витамин Ц лесно се пробива низ епидермалната бариера и продира во подлабоки слоеви на кожата. Ја забрзува синтеза на колаген, ги зајакнува sидовите на капиларите и има антиоксидативни својства.
Ја обновува липидната структура на кожата и ја подобрува хидратацијата – Маслиновото масло, Фитоскваланот и маслото од Авокадо овозможуваат совршена комбинација на состојки кои ја задржуваат водата во епидермисот. Богати со витамини А, Б, Д и Е, минерални соли и сквалан, тие ги одложуваат процесите на стареење на кожата со спречување на прекумерна дехидрација.

> Ја кондиционира и штити кожата со проширени капилари > Го намалува црвенилото и ги смирува иритациите
СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: ноќна нега за розацеа и кожа склона на купероз (црвенило).

ANGIO PREVENTI NANO VIT E REDNESS CORRECTING DAY CREAM SPF 20 + IR, 40GR

Дневен крем со систем за Oптичка Корекција на Црвенило (ORC), кој веднаш ја намалува видливоста на зголемените капилари. Овозможува целосна интензивна нега за кожа склона кон розацеа, штити од негативните ефекти на животната средина и ја подобрува состојбата на чувствителна кожа склона кон хиперактивност и еритема.

Ефикасно го намалува и превенира постоечко на црвенило и оток – својствата на: Neutrazen невропептид, екстрактот од Arnica и Chlorophyll, се зајакнуваат со комбинирање на истите во комплексот Optin Redness Correct. Комплексот ја намалува хиперактивноста на епидермалните клетки и капиларна пропустливост, го спречува нивното проширување, смирува и го прикрива постојното црвенило. Ги спречува ефектите од невродерматит, како црвенило, оток и еритема.

Ја враќа еластичноста и соодветното ниво на хидратација, го спречува предвременото стареење на кожата – нано Витаминот Е навлегува длабоко во епидермисот, спречувајќи ја оксидацијата и уништувањето на липидите, колагенските и еластинските влакна, забавувајќи го стареењето на кожата. Навлажнувачките емолиенти помагаат да се одржи соодветното ниво на хидратација на кожата и да се спречи прекумерно губење на транспидермална вода.

Заштитува од прегревање на кожата – Physavie делува против прегревање од инфрацрвено зрачење (во загреани простории или за време на сончање), со што се намалува воспалителниот одговор и го успорува термичкото стареење на кожата. Ја штити и регенерира епидермалната бариера, поддржувајќи ги процесите на терморегулација на кожата.
> Лесна текстура без масен филм на кожата > Брзо се апсорбира, идеално како подлога за шминк а> Содржи филтри за UVA, UVB SPF 20 IR > Некомедогено
СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: дневна нега на чувствителна, и кожа склона на розацеа и купероза.

 

Сеуште немате прегледено производи