CANABIGAL маст за хемороиди 300mg CBD
CANABIGAL (Канабигал) маст за хемороиди е наменета за примена на кожата од аналната регија поради воспаление на хемороидите.
CANABIGAL маст за хемороиди претставува комбинација од:
- CBD,
- екстракт од семе на див костен,
- масло од невен,
- масло од кантарион
- алантоин.
Екстрактот од семето на див костен помага во намалување на нелагодноста поврзана со нарушување на венската циркулација и намалување на локалниот оток. Маслата од невен и кантарион делуваат противвоспалително, антисептично и го забрзуваат заздравувањето на рани.
Алантоинот го дополнува дејството на невеновото и кантрионовото масло со тоа што го чисти оштетеното ткиво и го стимулира растот на ново здраво ткиво.
Благодарение на богатата содржина, CANABIGAL маст за хемороиди обезбедува нега и заштита на чувствителната кожа на аналната регија. Исто така, помага при ублажување на симптомите кои се поврзани со хемороиди како болка, печење и чешање.
300 mg CBD/30g маст
CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).
За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите. Тоа е така особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото.
Канабигал потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.





