Опис
Кој треба да го употребува ИМУНИКС:
- Луѓе со намален иумунитет
- Луѓе со дефицит на витамини и минерали како резултат на разни патолошки состојби или болести
- Физички или ментално исцрпени лица
- Постари луѓе
- Луѓе со зголемени дневни активности кои нередовно се хранат
Зошто е потребен ИМУНИКС:
Употребата на ИМУНИКС помага во зајакнување на имунитетот и подобрување на способноста на телото да се бори против инфекциите. Исто така овие капсули помагаат при: зголемена телесна активност, при состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана (диети, гладување итн), за подобрување на растот и апетитот. Можат да се користат и при дефицит настанат заради различни болести или патолошки состојби кога се зголемени потребите за витамини и минерали, односно при состојби на зголемено губење на минерали (повраќање, проливи, силно потење). Најважната карактеристика на пивскиот квасец е неговата висока содржина на витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, биотин, ниацин), кои помагаат во регенерација на нервниот систем.
Спирулината содржи:
- Околу 60% протеини, со сите есенцијални амино киселини, перфектно балансирани
- Минерални макро и микро елементи: натриум, калциум, магнезиум, калиум, сулфур, фосфор, јод, железо, цинк, бакар, селен, молибден, флуориди
- Витамини: B2, C, E, B12, бета-каротен
- Богата со фитонутритиенти и антиоксиданси
- Мукополисахариди, манитол, нуклеински киселини, алгининска киселина, растителни влакна и др.