Silymarin / Silimarin / Силимарин /
Една капсула Silymarin содржи 156,7-191,6 mg екстракт (kako сув екстракт, рафиниран инормиран) од Silybum marianum L.Gaertner, fructus (плод од млечен трн) (24-27:1)
што одговара на 100 mg силимарин изразено како силибинин.
Silymarin е растителен лек на база од плодот на млечен трн. Се издава без рецепт.
СИЛИМАРИН капсулите се применуваат при нарушување на функцијата нацрниот дроб кај следниве болести и состојби:
– хроничен хепатис Б и Ц (воспалителна болест на црниот дроб)
-оштетување на црниот дроб поради изложеност на алкохол со престанок на внесување на алкохолни пијалаци во организмот
-цироза на црн дроб
Што треба да знаете пред да го употребите лекот СИЛИМАРИН
Немојте да го употребувате лекот СИЛИМАРИН ако сте пречувствителни кон
некоја од состојките на лекот. Силимаринот не се препорачува да се употребува кај деца под 18 години поради недостаток на податоци за безбедноста и/или ефикасноста на лекот.
Земање на лекот СИЛИМАРИН со храна или со напиток СИЛИМАРИН капсулите потребно е да се земаат после јадење.
Не се препорачува конзумирање на алкохолни пијалаци за време на терапијата со СИЛИМАРИН капсулите.
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек!
За време на бременост СИЛИМАРИН капсулите може да се применуваат само кога тоа е строго индицирано и во договор со лекарот.
Заради недоволно податоци, примената на СИЛИМАРИН капсулите не се препорачува кај доилки.
Влијание врз способноста за возење и ракување со машини Нема податоци за влијанието на СИЛИМАРИН капсулите врз способноста за управување со возила или машини.
Употребување на други лекови (на што треба да се внимава ако употребувате други лекови) Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или
ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Иако СИЛИМАРИН капсулите не влијаат врз дејството на другите лекови и обратно, известете го Вашиот лекар или фармацевт за сите лекови што ги земате или неодамна сте ги земале, вклучувајќи ги и оние што сте ги купиле без лекарски рецепт. Доколку сте примени во болница, известете го надлежниот лекар дека употребувате СИЛИМАРИН капсули, како и за било кој други лекови кои ги употребувате.
Ако нешто од горенаведеното се однесува на Вас или, пак, не сте сигурни,
советувајте се со својот лекар или фармацевт.