VITAMIN E Oil 50ml

Бренд:

1,070 ден

Витаминот Е е моќен антиоксиданс, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали.

Количина:

Опис

Витаминот Е е моќен антиоксиданс, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Тој е липосолубилен витамин, што значи дека телото прави депо и го користи кога треба. Има 8 различни форми на витамин Е, alfa-tocopherol е најактивната кај луѓето. Витамин Е маслото има повеќе улоги, најпрво може да се користи за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите, го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. Витаминот Е, ја подобрува влажноста на кожата, секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна, покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција.Овие жледи продуцираат себум кој ја одржува еластичноста и влажноста на кожата, затоа и има индикација да се корсти кај многу сува кожа. Витаминот Е наоѓа примена и при третман на лузни, без разлика на начинот на кој е настаната. Витаминот Е наоѓа примена кај сите воспалителни состојби на кожата, ги олеснува симптомите на псоријаза, егзема и уште многу слични состојби. Се користи со одлични ефекти и кај стрии. Стриите се еден вид на лузна кои настануваат како резултат на раскинување на дермисот, вториот слој од кожата под епидермисот, витаминот Е пенетрира во дермисот и почнува низа рекации кои резултираат со заздравување на лузната и губење после неколку недели.

Се употребува како:

  • Моќен антиоксиданс за неутрализирање на слободните радикали,
  • Да го забави процесот на стареење на кожата;
  • Да го подобри тургорот, еластичност и влажноста на кожата;
  • Помош при третман на воспалителни кожни заболувања,
  • Третмен на лузни;
  • Заштита од УВ штетните зраци од сонцето

Витамин Е маслото од HealthAid има можност на надворешна и внатрешна употреба.

Надворешно се земаат 1 до 4 капки и нежно се нанесуваат на посакуваното место на кожата со масажа, на место каде што има стрии, лузни, брчки и сува кожа додека целносно не се впие. Може да се помеша со бадемово или маслиново масло во еднакви делови или да се користи со друга неутрална крема. Надворешната употреба е безбедна и за трудници и за деца.

Може и да се пие односно кај возрасни и деца над 14 години 1 до 4 капки дневно, две капки се еквивалент на 200мг од витамин Е. Деца под 14 години и трудници пред употреба да се консултираат со квалификувано лице.

Витамин Е масло  за раце и тело е слободен од: парабенени, сулфати, пропилен гликоли, вештачки бои и мириси.

Сеуште немате прегледено производи