XeraCalm A.D Crème relipidante, 200ml + XeraCalm A.D Huile lavante relipidante, 400ml

Бренд:

2,240 ден 1,140 ден

XeraCalm A.D Crème за чувствителна, сува, многу сува и атопична кожа.

200ml + 400 ml

Количина:

Опис

XeraCalm A.D Crème relipidante за чувствителна, сува, многу сува и атопична кожа. За сите возрасти.
Индикации: Крем за надокнадување на мастите, специфично формулиран за сите умерено до екстренмо суви кожи кај новороденчињата, децата и возрасните:
– Кожи склони кон атопичен дерматит
– Кожи склони кон иритации, црвенило и чешање предизвикано од сува кожа.
– Природно сува кожа.
Карактеристики: Формулата за КсераКалм кремот е создадена со користење на минимум состојќи, селектирани заради нивната ефикасност и нештетност:
– И-модулиа® комплексот е резултат на 12 годишен научен развој на Пиер Фабр Истражувачкиот Центар. Претставува есенцијален дел на активните супстанции од микрофлората која ја има во Авен термалната изворска вода. По нивната идентификација, овие активни супстанции се развиени во нашиот центар за биотехнологија, каде се мултиплицирани и е потенцирано нивното анти-воспалително и смирувачко дејство. И-модулиа® го намалува чешањето предизвикано од сувоста на кожата и ги смирува иритацијата и црвенилото предизвикани од хиперреактивноста на кожата.
– ЦЕР-ОМЕГА липидите кои ги имитираат оние во кожата, помагаат во обновувањето, хранењето и зајакнувањето на заштитниот филм, обезбедувајќи и на кожата подобрена отпорност кон надворешните штетни влијанија.
– Авен термална извосрска вода со нејзините смирувачки, анти-воспалителни ефекти, го намалува непријатното чувство и ја омекнува кожата.
Оваа формулација е од генерацијата на „Стерилна козметика“ и ги комбинира „Високо технолошките“ активни состојќи со Авен термалната изворска вода и не содржи апсолутно никакви парфеми, алкохоли или обојувачи: затоа кожата е смирена, со пријатно чувство и омекната во комплетна безбедност. 0% парфеми, 0% парабен, 0% конзерванси, 0% алкохол.
Упатство за употреба: Се нанесува 1-2 пати на ден на сувите места на кожата на лицето и/или телото, по миење со КсераКалм маслото за чистење. По нанесувањето на кожата, отстранете го вишокот крем и затворете го шишето.
Само за надворешна употреба.

 

XeraCalm A.D Huile lavante relipidante – ксеракалм масло за миење без сапун и парфем. Физиолошко pH за чувствителна, многу сува и атопична кожа, го смирува чешањето.
Карактеристики: Формулата за КсераКалм А.Д Маслото за миење е создадена со користење минимален број состојќи:
– Многу нежна чистачка база БЕЗ САПУН, ја чисти кожата и ја заштитува од исушувачките ефекти на водата.
– И-модулиа® комплексот, што е резултат на 12 годишен научен развој, го намалува чешањето предизвикано од сувата кожа и ги смирува црвенилото и иритацијата предизвикани од хиперреактивноста на кожата.
– ЦЕР-ОМЕГА, масти кои ги имитираат оние во кожата, помагаат во обновувањето, хранењето и зајакнувањето на заштитниот филм, овозможувајќи подобра отпорност на кожата кон надворешните штетни влијанија. Кожата е пријатна и мазна. Богат со Авен термална изворска вода. Кожата и очите одлично го поднесуваат- не ги пече очите. БЕЗ парфем – БЕЗ сапун.
Упатство за употреба: При туширање направете пена со влажни раце пред да го нанесете на кожата. За капење, ставете 5 пумпи во водата додека ја полните кадата. По миењето, исплакнете се внимателно и исушете ја кожата без триење, а потоа нанесете КсераКалм крем.

Сеуште немате прегледено производи