Услови и Правила

Ве молиме внимателно прочитајте ги Условите за користење. Со користење и посета на страниците на www.24apteka.mk и нивната содржина, се подразбира дека свесно ја прифаќате истата, како и сите последователни промени, без претходна најава и известување. Доколку не ги прифаќате овие услови на користење без ограничувања, Ве молиме да не ја користите нашата интернет страница. 

Вие како корисник се обврзани да ги прочитате Условите за користење, а вашата посета / користење на страницата се смета за целосно прифатена. Не користете ги услугите на начин на кој некој може да биде повреден или материјално оштетен. За сите производи понудени на сајтот постои објавена слика и основен опис на производот. Овие услови го регулираат процесот на нарачување, плаќање и испорака на производи што се продаваат преку нашиот онлајн продавач.

  1. Контакт
    ПЗУ Аптека „Ирис”,
    телефон: 02 60 90 600
    Mob., Viber, Whats up: 070 / 347649
    Работно време Е-аптека: 07:30-21:00 часот
    E-mail адреса: info@24apteka.mk
  2. Општи правила и услови за користење на www.24apteka.mk
    Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на web страницата се приложуваат такви какви што се. За да се користи www.24apteka.mk купувачот мора да има пристап до интернет дирекно или преку некој друг уред кој има пристап до интернет. www.24apteka.mk не презема никаква одговоронст за нарушувањата или техничките  проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кој ја попречува употребата на web страницата.
  3. Референци
    Производите се нарачуваат со избирање, со користење на менито “кошничка” и пополнување на електронски формулар. Ако нарачаниот препарат не сме во можност да ви го доставиме, ќе бидете контактирани во најкраток можен рок и во договор со вас ќе ви биде понудена замена или ние ќе го отстраниме препаратот од вашата кошничка во договор со вас. Вашата моментална нарачка е прикажана на страната Моја сметка. Оваа страна покажува детални информации за препаратот, количината и цената. Сите препарати што сте одлучиле да ги купите се наоѓаат на страна наречена “кошничка“.

  4. Испорака
    За потрошувачите од цела Македонија, доставата е бесплатна за сите нарачки над 1999 денари, а за нарачките со пониска вредност, испораката чини 150 денари. Нарачките кои се плаќаат со Кредитна или Дебитна картичка ја задржуваат вредноста, а за нарачките кои се испорачуваат со „Плаќање при достава“ се наплаќаат дополнителни 50,00 денари. Нарачаните / Купените производи ги испорачуваме преку курирски служби со која имаме договори за деловна соработка. Во зависност од тоа дали производите се „на залиха“ или зависиме од добавувачот/застапникот, нарачките се испорачуваат во рок од 3 до 7 дена после креирана нарачка и потврда за достапност. Аптеката не презема одговорност во случај на задоцнување во испораката поради неточна или нецелосна адреса, виша сила или сообраќајни проблеми. Испорака на роба е можна само на територија на Република Северна Македонија, на адреса наведена во нарачката.
  5. Одговорност на корисникот при регистрирање
    Кога се користи web страницата, корисникот е должен да обезбеди точни и прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација или/и нарачка. Доколку се дадат погрешни, лажни или нецелосни информации, www.24apteka.mk го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.
  6. Купување на производ од www.24apteka.mk
    Купувачот има можност за купување производ од големиот асортиман на www.24apteka.mk. Кога се прави нарачка купувачот може да одбере производ(и) и количина според можностите на web страницата, исто така може да го смени производот во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето односно нарачката.
  7. Плаќање на производот
    Сите цени во оваа web-аптека се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.
    Плаќањето на производите се врши со:
    1. кредитна/дебитна картичка,
    2. во готово, на врата, при превземање на пакетот од курирската служба што ја врши доставата.
  8. Информации за производот
    Информациите за производите понудени на веб страната се преземаат од декларацијата за поединечни производи, прирачници за внатрешен производ или преземени од материјали (брошури, летоци, веб-страници) кои ги уредува производителот, увозникот или снабдувачот на одреден производ. Ние се стремиме да обезбедиме што е можно попрецизни и подетални информации за одреден производ. Го задржуваме правото на грешка во описот или фотографијата на секој производ.
    Откако ќе купите било кој производ од оваа веб-страна, препорачуваме внимателно да ги прочитате упатствата на производителот и да ги употребувате производите онака како што е назначено во приложеното упатство.
  9. Изјава за безбедност
    Аптека Ирис / 24apteka.mk е обврзана да не злоупотребува лични информации од формуларот за нарачка. За личните податоци се сметаат сите податоци што го идентификуваат идентитетот на купувачот (на пример, име и презиме, адреса за е-пошта, адреса на живеење итн.). Аптека Аптека Ирис / 24apteka.mk нема да обезбеди или открие информации за клиентите на трети лица.
  10. Безбедност на податоците
    Сите информации за клиентите се строго чувани и достапни само на вработените нa кои им се потребни овие информации за да ги извршуваат своите активности. Сите вработени во Аптека Ирис / 24apteka.mk и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста.
    Аптека Ирис / 24apteka.mk е посветена на обезбедување на заштита на личните податоци на корисникот на начин што собира само основни информации за клиентите кои се неопходни за исполнување на обврските.
    Во случај на промена на некој од личните податоци (на пример: местото на живеење, адресата за испорака) која е регистрирана при регистрација, купувачот е должен да ја извести Аптека Ирис / 24apteka.mk за секоја промена.
  11. Враќање на производи и рефундирање на средства
    Доколку производот го примите во неисправна или оштетена состојба, паричните средства ви се рефундираат во целост. Рефундацијата на средствата се врши со претходно приложување на фотографија на производот што е неисправен или оштетен во рок од 1-3 работни дена од моментот на примање на нарачката. Производот треба да биде вратен во оригиналното пакување за рефундацијата да биде извршена, а транспортните трошоци за враќање до нашиот логистички центар се на товар на купувачот. Враќање и рефундација не е во возможна доколку производот е отворен или/и се користи. Заради типот на производите кои најчесто се продаваат, најчесто купената роба не се враќа (член 96 од Законот за заштита на потрошувачи).

  12. Други услови
    Условите за продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. Приватна Здравствена Установа Аптека “Ирис” / 24apteka.mk го задржува правото да не испорачува препарати врз основа на нарачки со нецелосни и/или неточни информации/податоци.

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) ПЗУ Аптека „Ирис“ своите ценети потрошувачи кои купуваат роба преку интернет сајтот www.24apteka.mk ги известува дека:

  • продажбата преку интернет страница www.24apteka.mk се извршува во рамките на регистрирана дејност на ПЗУ Аптека „Ирис“ – 47.73 – Аптеки. Адреса за пријавување на рекламација е: info@24apteka.mk.
  • купувачи можат да бидат физички и правни лица;- дека основните обележја на производите можат да се најдат на интернет страницата www.24apteka.mk
  • по Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) купување преку наша продажна интернет страница www.24apteka.mk се смета за продажба на далечина,
  • производите, кои се продаваат на интернет страницата www.24apteka.mk поседуваат својства потребни за редовна употреба на тој вид на производите во согласност со нивната намена која е дефинирана во Декларацијата,
  • продажна цена на производите е назначена на секој артикал,
  • сите цени се изразени со пресметан ДДВ, 
  • купените производи ги испорачуваме во најкраток рок по пат на курирска служба,
  • можноста за купување на производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите кои се објавени на интернет страницата www.24apteka.mk,
  • купувачот при креирање на нарачката, со притискање на копчето ПОТВРДИ презема одговорност за плаќање на нарачаните производи,
  • соодветноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува по својствата и намената на производите како што е тоа дефинирано на Декларацијата која им припаѓа,
  • интернет продавницата www.24apteka.mk е должна да ги испорача производите кои се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи. Сите трошоци кои се неопходни за производите да бидат соодветни со договорот, а посебно трошоци на работење, материјал, преземање и испорака, ги сноси интернет продавницата www.24apteka.mk,

ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВЕЦОТ:
Приватна Здравствена Установа Аптека „Ирис“ п.о. Струмица
Седиште на ул. „Маршал Тито“ бб, 2400 Струмица
ЕДБ 4027999125336 и ЕМБС 5350476

Според законот за лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година) „Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.“