HERPESTOP STIK, стик против херпес

300 ден

Херпес стикот е природен производ со есенцијални масла кој ја ублажува болката и чешањето и го забрзува заздравувањето на херпесот

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна
Category:

Herpestop stik / Херпестоп стик, стик против херпес, стик

Својства и намена:
Херпес стик се користи кај инфекции предизвикани од вирусот Herpes simplex. Внимателно одбраните состојки од хемотипизирани есенцијални масла од чајно дрво, равенсара и ниаули имаат силно антивирусно, антибактериско и фунгицидно дејство. Херпес стапчето го намалува чувството на пецкање, чешање и болка и придонесува за побрзо заздравување на раните.

Состав:
есенцијално масло од чајно дрво, есенцијално масло од равенсара, есенцијално масло од ниаули, цетил палмитат, какао путер, течен парафин, вазелин, бел восок, цврст парафин.

Начин на употреба и дозирање:
се нанесува неколку пати дневно, во тенок слој, на зафатеното место.

Пакување:
4 g

Чување:
Да се чува на температура до 25 °C, надвор од дофат на деца.