Betadine вагитории

170 ден

Бетадине вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост, чешање и осетливост (неспецифичен вагинитис), вагинитис заради мешана инфекција, вагинитис предизвикан од Candida albicans и Trihomonas vaginalis.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Betadine вагитории

СОСТАВ

1 вагиторија содржи 200 mg povidone-iodine еквивалентен на 20 mg расположлив јод.

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

Вагитории

ГРУПА

Гинеколошки антиинфективи и антисептици

ДЕЈСТВО

Betadine вагитории како активен принцип содржат повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно антимикробно и бактерицидно (грам-позитивни и грам-негативни бактерии), вируцидно, фунгицидно (Candida аlbicans) и протозоицидно (Trihomonas vaginalis) дејство.

ИНДИКАЦИИ

  • Бетадине вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост,
  • чешање и осетливост (неспецифичен вагинитис),
  • вагинитис заради мешана инфекција,
  • вагинитис предизвикан од Candida albicans и Trihomonas vaginalis.

ПАКУВАЊЕ

14 вагитории