Akerat 30 Creme zones localisées – Акерат С крем за нега на тело со уреа – салицилна киселина – млечна киселина.
Индикации: За локална примена.
Кај хронични нарушувања на површини како дланки, колена, лакти, скалп. Кај задебелувања на кожата на потпирните зони.
Карактеристики: Акерат С е специјално наменет да одговори на најсоодветен начин кај третман на кожа со кератозни и сквамозни промени (псоријаза). Богат со Термална Вода Авен, за одржување на природниот баланс на кожата. Спојот на активни хидратантни компоненти, емолиенти и отстранувачи на кератози, овозможува обновување на мекоста на кожата, намалувајки ја сувоста, отстранувајки ги неестетските слоеви и редуцирајки ги слоевите заситени со кожни задебелувања.
Состав: Авен термална вода, Уреа 30%, Салицилна кис 2%., Млечна кис. 1%, Витамин Е, Масло од благ бадем.
Начин на употреба: -За тело: Нанесете Акерат С на заболното место, 1-2 пати дневно со нежна масажа, само на задебелените места.
Акерат С може да се користи и на сув скалп (на глава). Апликаторот овозможува прецизно, брзо и рамномерно распоредување на кремот. Оставете да делува неколку часа или цела ноќ. Исплавете и потоа измијте го со соодветен шампон.
Акерат С кремот може да се користи самостојно или пред локален медицински третман. Во континуитет користете Акерат крем за тело.
Не се употребува на деца помали од 3 години. Не треба да се нанесува на распукани или воспалени места, инфекции, и друго Избегнувајте контакт со очи! Побарајте совет од фармацевтот!
Akerat 30 Creme zones localisées, 100ml
Avene
840 ден
Акерат С крем за нега на тело со уреа – салицилна киселина – млечна киселина.
Нема на залиха