NOW Ashwagandha 450mg / Asvaganda / Ашваганда /
Ајурведиски тоник за целиот организам
Е една од најпознатите ајурведарски билки која припаѓа во категоријата на подмладување на организмот. Користена во Индија пред 1000 години како тоник за подмладување на организмот, адаптогена билка и добар афродизијак.
Ашваганда (withania somnifera) е грмушка со средна големина, која достигнува најмногу 1,70 м висина и дава мал црвен плод. Расте во топли климатски услови, а потеклото е од северно источниот дел на Индија.
Оваа билка уште се нарекува зимска цреша или индиски жен шен. Буквално значи “ мирис на коњ” (ashwa – коњ, gandha – мирис) бидејќи тоа е билка која дава виталност и сила на коњ.
Содржи многу активни состојки од кои главни се алкалоиди и стероидни лактони.
Основни карактеристики на Ашвагандата:
Истовремено го опушта организмот (седатив) и ја подига енергијата и имунитетот (тоник).
Ашвагандата е адаптоген, што значи дека се прилагодува на секој организам индивидуално.
За мажите е добар афродизијак, го јакне сексуалниот потенцијал, ги балансира машките полови хормони, потикнува број и подвижност на сперматозоидите и така поволно делува во регулирање на проблемите со машката неплодност.
Ги регулира дишните проблеми – ги ојакнува белите дробови, ја смирува астмата, кашлањето, алергиските реакции при пад на имунитетот.
Го подобрува здравјето на срцето намалувајќи го холестеролот и триглицеридите.
Користи кај многу спортисти бидејќи на природен начин го јакне мускулниот тонус и го намалува воспалението на мускулите.
Корисна за деца кои слабо добиваат на тежина
Ублажува автоимуни болести, реуматоиден и остеоартритис.
Се препорачува во случај на хиперактивност кај возрасни и деца т.е АДХД симптоми.
NOW Ashwagandha 450mg е чудесна билка со многу широк спектар на дејство:
Дигестивен тракт – подобрува апетит и дигестија, помага кај грчеви во желудник
Кардиоваскуларен состав – делува како тоник за срце, ефикасен кај хипертензија. Се препорачува кај висок крвен притисок, стимулира работа на срцето и подобрува циркулација на крвта.
Респираторен состав – поволно делува на респираторните органи, се препорачува кај астма и белодробни болести.
Нервен систем – ја зголемува отпорноста на стрес и и замор. Делува смирувачки на ендокриниот, кардиоваскуларниот и централниот нервен систем. Се користи за ублажување на стрес, анксиозност и несоница. Влијае на подобрување на состојбата на различни неуродегенеративни болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Мозок – стимулира работа на мозокот, памтење и концентрација. Се користи за ревитализација на мозокот, кај Алцхајмерова болест и проблеми со памтењето.
Ендокрин систем – содржи алкалоиди кои се ефикасни кај нормализирање на работата на хормоните во организмот.
Репродуктивни органи – позната е како афродизијак, го зголемува либидото кај мажите и жените, го подобрува квалитетот и бројот на сперматозоидите кај мажите. Стимулира работа на женските репродуктивни органи, намалува воспаление и ја зголемува плодноста.
Кожа – поволно влијае на состојбата на кожата. Се користи кај егзема, лузни и псоријаза.
Имун систем – го јакне имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот на инфекции, го штити организмот од вируси, бактерии и паразити.
Подмладување на организмот – во ајурведата се користи како тоник за виталност и долговечност, ја зголемува издржливоста и силата на организмот.
Антиканцероген ефект – се користи за превенција и лечење на рак.
Антиоксидант – успешно се бори со слободните радикали и го успорува процесот на стареење на организмот.
Антиреуматик – поседува антивоспалителни својства, поради што е ефикасна во лекување на артритис и други реуматски болести, намалува воспаление, отеченост и болка во зглобовите.
Помага:
- кај стрес и хроничен замор
- Регулира ниво на хормони
- Олеснува симптоми на менопауза
- Го јакне организмот
- Зголемува виталност и долговечност
Напомена: производот не се препорачува кај бремени жени и доилки. Не се препорачува земање на ашваганда ако користите кортикостероиди или лекови за штитната жлезда.
Кога е во прашање билен препарат од природно потекло, има благо или целокупно делување кое не само што ги отстранува моменталните проблеми туку доведува и до трајни промени и подобрување на општата состојба на организмот. Поради тоа е потребно да се зема подолг временски период, најмалку 3-4 месеци.
Употреба: Земете 1 капсула 2-3 пати дневно





