Babytol DHA оmega, 30 капсули

520 ден

  • За правилен развој на мозокот, когнитивните и менталните функции.
  • За нормален развој на видот, острината на видот и функциите на окото.
  • DHA омега -3 од природни морски алги – најчист извор, висока концентрација.
За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Babytol DHA оmega, 30 капсули/Бебешкиот мозок најинтензивно се развива во првите три месеци по раѓањето, а сетилата за вид, слух и говор во првата година. По првата година се развиваат повеќе мозочни функции кои се важни за концентрација, внимание и интелигенција на вашето дете.

Во првата година од животот бебешкиот мозок расте за неверојатни 175 %. Од втората година до адултниот период мозокот расте само уште 20 %. Токму поради тоа научниците и лекарите велат „Што сме развиле до третата година, тука ќе ја носиме капата“.

DHA, една од трите омега-3 масни киселини DHA, е најважна за здрав развој на видот и мозокот на вашето бебе.

DHA е главна структурна компонента на мозокот и ретината и ги сочинува 97 % од сите омега – 3 масни киселини во мозокот , и 93 % од сите омега –3 масни киселини во ретината. DHA сочинува 30 % од структурните масти во сивата маса на мозокот.

DHA омега – 3 масната киселина, како главна структурна компонента, има клучна улога во:

  • Развојот на нервниот систем на детето
  • Развојот на мозокот, менталните и когнитивните функции
  • Подобрувањето на психомоторните функции кај децата
  • Нормалниот развој на видот, острината на видот и функциите на очите