Babytol Neonate капки

600 ден

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Бебето се роди, сонот стана реалност. Пред вас се најубавите и најпредизвикувачките искуства. За сите бебиња на кои им е потребна посебна грижа, поради предвремено породување, породување со царски рез или потреба од употреба на антибиотици, подготвивме голема помош – Babytol Neonate. Ви посакуваме мирно и безгрижно родителство!

Babytol Neonate For You! содржи комбинација од шест корисни соеви на лактобацили и бифидобактерии кои значително ја зголемуваат ефикасноста на овој препарат. Тоа се: Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus reuteri, Bifidobacterium infantis, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium breve.

Babytol Neonate се капки за орална употреба, кои се додаваат во мајчиното млеко или млечните формули. Наменети се за нормализирање на цревната флора кај предвремено родени бебиња и деца родени со царски рез, како и кај новороденчиња и мали деца кои се на антибиотска терапија.

ЦРЕВНА ФЛОРА КАЈ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ БЕБИЊА И БЕБИЊА РОДЕНИ СО ЦАРСКИ РЕЗ

Кај предвремено родените бебиња и бебињата родени со царски рез, микробиотскиот систем се карактеризира со нарушена цревна флора (дисбиоза) со недоволен раст или недостаток на бактериски соеви на Lactobacillus и Bifidobacteria.

Нарушувањата на цревната флора кај предвремено родените бебиња го зголемуваат ризикот од компликации кои можат да бидат опасни по живот: некротизирачки ентероколитис (оштетување на цревната слузница) и сепса. Според резултатите од систематските прегледи на 70 студии (38.000 испитаници), употребата на култура на корисни бактерии ја намалува инциденцата на тешки форми на некротизирачки ентероколитис за 50%, додека смртноста на децата родени со телесна тежина од 1000-1500 g се намалува за 25%.

Бебињата родени со царски рез, бидејќи не минуваат низ породилниот канал, не ги добиваат првите добри бактерии од мајката. Поради недостигот на контакт на новороденчето со бактерии кои претходно го колонизирале породилниот канал, кај бебињата веднаш по раѓањето се јавува нарушена цревна флора.

Нарушената цревна флора по царски рез во раното детство, како и во подоцнежниот живот, може да доведе до голем број алергиски, невроендокрини и метаболички нарушувања (атопичен дерматитис, астма, дијабетес, дебелина).

Babytol Neonate ја нормализира цревната флора кај децата родени со царски рез по тримесечна употреба, а целосниот ефект се постигнува со примена до преминот на претежно немлечна исхрана.

Досега немате прегледано ниту еден производ.