Мешавина од екстракт и етерично масло од плодот на анасонот и лесно сварливи шеќери. Се препорачува при нарушено варење на храната кај доенчиња и кај деца. Чајот го подобрува варењето, спречува создавање цревни гасови, го поттикнува нивното отстранување и ги смирува грчевите што настануваат поради надуеност на цревата.
Енергетска вредност на 100 г чај – 1639 кЈ (391,4 кцал).
Производот не содржи:
- вештачки бои
- aроми
- конзерванси
- млечни протеини
- глутен