Becutan спреј против убоди од инсекти/
Заштитата од убодите на инсектите трае подолго време, од 4-6 часа. Производот во својот состав содржи екстракт од алое вера:
- сертифициран со ECOCERT-стандард за природна и за органска козметика,
- растението е одгледувано во контролирани услови и гарантира сигурност за крајното дејство на оваа состојка
- ѝ дава влажност и мекост на кожата, па по употребата таа останува нежна и мека.
Спрејот против убоди од инсекти Becutan се употребува на тој начин што рамномерно се распрскува на изложените делови на кожата, избегнувајќи ги местата околу очите и устата. Постапката се повторува по потреба, приближно на 4-6 часа. По нанесувањето спрејот не остава масни дамки на облеката.