Лук, магдонос, хлорофил и масло од семе од соја
Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања. Така на пример, супстанцијата алицин, која ја содржи лукот има антивирусно, антибактериско и антигабично дејство.
Покрај тоа, лукот е богат со минерали, калциум, суулфур, фосфор, железо, јагленихидрати, сулфурни етерични масла, азотни материи, алин, ферменти и витамини: А, Ц и витамини од Б-групата (Б1, Б2, нијацин и др.)
Помага:
- Помага во подобрување на имунитетот и го штити организмот од вируси и бактерии
- Помага во лекување на габични и уринарни инфекции
- Помага во намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта
- Ја регулира срцевата аритмија, го подобрува работењето на срцевите крвни садови и снабдувањето на срцевиот мускул со крв, што доведува до подобрување на срцевата функција и ја спречува можноста за згрутчување на крвта со што ја намалува склоноста кон тромбоза
- Лукот е и антиоксиданс, бидејќи е богат со аминокиселини кои содржат сулфур.
Употреба: Како додаток во исхраната, се зема една до три капсули дневно.