CANABIGAL Лосион за тело 200mg CBD
CANABIGAL (Канабигал) лосион за тело лесно се впива во кожата и се употребува за намалување на мускулните грчеви, мускулната напнатост или вкочанетост, како и за ублажување на воспалението и болката во мускулите, по напорен ден или различна физичка активност.
CANABIGAL лосион за тело претставува комбинација од:
- CBD,
- уреа,
- алантоин,
- бадемово масло,
- витамин Е
- пантенол.
Уреата длабински ја хидратира кожата и помага во задржување на нејзината влажност.
Алантоинот го поттикнува заздравувањето и обновувањето на кожата, го намалува воспалението и спречува оштетување на ткивата.
Бадемовото масло ја храни и негува кожата.
Витаминот Е ја штити кожата од штетното влијание на околината.
Пантенолот има смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително.
200mg CBD/200ml
CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).
За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите. Тоа е така особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото.
Канабигал потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.




