Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.
Канестен® 1 вагинална таблета се користи за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.
6 главни симптоми
-
Чешање
-
Оток
-
Црвенило
-
Необичен исцедок
-
Печење
-
Болка
Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.
Без грижи!
Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена.





