Chonrdomax, шприц, 3ml

,

12,150 ден

Медицински препарат за интраартикуларна употреба, со натриум хијалуронат и хондроитин сулфат. Обезбедува подмачкување, намалување на болка и воспаление, и подобрување на подвижноста кај остеоартритис. Една инјекција може да делува до 12 месеци.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Состав:

Производот содржи вкрстени синџири на натриум хијалуронат (со средна молекуларна маса од 3 милиони Da) добиен преку ферментација од бактеријата Streptococcus, и хондроитин натриум сулфат добиен од говеджен рскавичен ткиво.

Начин на примена:

Се применува исклучиво интраартикуларно (во зглоб). Една инјекција може да обезбеди терапевтски ефект до 12 месеци. По апликацијата, се препорачува одмор од 24 часа. Терапијата може да се повтори по 6–12 месеци.


Хијалуронска киселина (натриум хијалуронат):

  • Природен дел од синовијалната течност

  • Овозможува подмачкување и амортизација на зглобот

  • Стимулира природна продукција на хијалуронска киселина

  • Делува антиинфламаторно, аналгетски и ја штити рскавицата

  • Намалува потреба од аналгетици и го одложува поставувањето на протеза


Хондроитин сулфат:

  • Природна компонента на рскавицата

  • Го подобрува дејството на хијалуронската киселина

  • Спречува ензими што ја разградуваат рскавицата

  • Намалува воспаление и болка

  • Ја подобрува подвижноста и структурата на зглобовите


Комбинацијата на натриум хијалуронат и хондроитин сулфат покажала висока ефикасност во третманот на остеоартритис.