Collagen Fortex 11500 Plus / Колаген фортекс плус /
Колаген Фортекс 11500 Плус
Која е намената на КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11500 ПЛУС
• Придонесува за нормално формирање на сврзното ткиво.
• Го поддржува формирањето на колаген за нормална функција на коските, ‘рскавицата и кожата.
• Придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Колаген Фортекс 11 500 Плус е иновативна комбинација за одржување на нормални ткива и ‘рскавица.
Колагенот е главна компонента во структурата на сврзното ткиво на телото.
Витаминот C е вклучен во формирањето на колаген, за нормална функција на коските и ‘рскавицата. Придонесува за нормален енергетски метаболизам и за намалување на чувството на исцрпеност и замор.
Манганот е минерал кој е вклучен во многу ензимски системи во телото и е важна компонента на исхраната. Според Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), внесот на манган придонесува за:
-заштита на клетките од оксидативен стрес и на тој начин придонесува за нормален метаболизам на масни киселини;
– одржување на нормални коски;
– нормален метаболизам и производство на енергија (енергетски метаболизам);
– придонесува за нормално формирање на сврзното ткиво.
Главни (активни) состојки | во 1 ќесичка | % НРВ** |
колаген | 11 500 mg | – |
глукозамин сулфат.2КСl* | 200 mg | – |
витамин С (L-аскорбинска киселина) | 100 mg | 125% |
манган (манган глуконат) | 2 mg | 100% |
Како да се земе КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11 500 ПЛУС
1 ќесичка дневно. Содржината на ќесичката во мали порции сипете ја во околу 150 ml топла течност – вода, чај или млеко, добро промешајте додека смесата целосно не се раствори и испијте веднаш.
Пред да земете КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11 500 ПЛУС
Не земајте КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11 500 ПЛУС ако сте преосетливи на активните супстанци или на некој од другите помошни супстанции. Додаток во исхраната со засладувач. Не е замена за разновидна исхрана. Не ја надминувајте препорачаната доза.
Не содржи шеќер.
Како да се чува КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11 500 ПЛУС
На собна температура, подалеку од дофат на деца. Не користете го КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11 500 ПЛУС по датумот на истекување кој е наведен на пакувањето или ќесичката.