COLLAGEN WILD MARINE TIP 1

2,530 ден

Морскиот колаген е класифициран како колаген од Тип 1. Колагенот тип 1 е најзастапената форма на колаген во телото и се наоѓа во тетивите, лигаментите, кожата, коските, забите, косата и ноктите.

Нема на залиха

COLLAGEN WILD MARINE TIP 1/e производ со врвен квалитет добиен по француска технологија.

Содржи 100 % хидролизиран колаген Тип 1 (морски), без дополнителни додатоци.

Без адитиви и арома.

Без конзерванси, вештачки бои и шеќери.

Без ГМО.

Без глутен.

Одлично се раствора дури и во студена вода.

Отпорен на топлина.

Алерген (риба).

Peptan® морски колаген може да биде особено корисeн за борба против брчките, борба против целулитот, подобрување/ поддршка на еластичноста и зголемување на нивото на влажност во кожата.

Mоже да доведе до зголемен раст на косата и ноктите и истовремено да ја намали нивната кршливост.

Може да го подобри квалитетот на сонот. Аминокиселината глицин, која се наоѓа во морскиот колаген, е поврзана со позитивно влијание врз квалитетот на сонот.Исто така, се смета дека глицинот помага во одржувањето на нашата основна телесна температура, што може да помогне за подобар ноќен сон.

Обезбедува поддршка при вежбањe: колагенот во суштина е концентриран извор на глицин, кој му помага на телото да произведува креатин и може да помогне во поддршката на мускулната маса и вежбањето. Исто така, морскиот колаген содржи пролин, кој делува како антиоксиданс и помага да се намали болката во мускулите предизвикана од вежбање.

Здравје на цревната флора. Морскиот колаген е добар за цревната флора бидејќи лесно се вари. Уште повеќе, неговиот аминокиселински состав, кој вклучува глицин и глутамин, може да го поддржи ткивото што го обложува дигестивниот тракт. Глицинот помага при воспаление, а глутаминот е неопходен за здравјето на ентероцитите, или епителните клетки, кои го обложуваат гастроинтестиналниот тракт.

Здравје на коските. Морскиот колаген му овозможува на телото да апсорбира калциум, фосфор и други минерали. Ова се должи на неговата тесна поврзаност со остеобластите, клетките во нашите коски кои вршат синтеза и минерализација на коските. Остеобластите лачат колаген, создавајќи неминерализиран дел од коската наречена остеоид.

Ефикасна апсорпција. Бидејќи морскиот колаген содржи само колаген од тип 1, има податоци кои укажуваат дека дека тoj се апсорбира во вашиот крвоток побрзо од производите што содржат истовремено колаген од типот 1 и 3.

Одржлив извор на колаген. Морскиот колаген потекнува од рибен отпад кој доколку не би се користел како суровина за добивање морски колаген, би бил отфрлен како нуспроизвод на рибарската индустрија. Ова го прави морскиот колаген најодржлив, еколошки извор на колаген. Риболовните практики зад овој производ се правилно управувани и одржливи. Одржливиот риболов значи дека популацијата на рибите во океаните се одржува на здраво и продуктивно ниво, влијанието на риболовот во животната средина е минимизирано, околните екосистеми се почитуваат и луѓето кои зависат од риболовот можат да ја одржат својата егзистенција.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ / NUTRITIONAL VALUES
Опис / Description                                         Вредности на 100 гр. / Results per 100g
Енергетска Вредност / Energy value        360 Kcal
1530 KJ
Протеини / Proteins                                     90 гр./g
Јаглехидрати / Carbohydrates                     0 гр./g
од кои шеќери / of which sugars                 0 гр./g
Масти / fats                                                       0 гр./g
од кои заситени / of which saturated         0 гр./g
Натриум Хлорид / Sodium Chloride         0.78 гр./g

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Peptan® морски колаген тип 1 е лесен за употреба и е совршен за оние што сакаат едноставен и иновативен начин на консумација, кој е приспособен на Вашиот секојдневен начин на живот.

Може да се употребува во кој било дел од денот, пред, со или после јадење.

Една супена лажица (8гр) на ден се меша во било каков пијалок, вода, чај, кафе, смути. Се препорачува да се конзумира минимум три месеци.

Peptan® морски колаген тип 1 може лесно да се вклопи во секакви рецепти што ви се допаѓаат. Без разлика дали се додава во супа, топло чоколадо или во домашна торта, ќе уживате во истите придобивки за Вашето здравје.

Количината од 250гр е препорачана месечна доза.

Досега немате прегледано ниту еден производ.