Coresatin биоцидните производи претставуваат единствени и уникатни хидратантни креми со бактерицидно и фунгицидно дејство, кои го спречуваат развојот на микроорганизми при нивна апликација на иритирана, сува или инфицирана кожа.
Coresatin биоцидните производи, содржат активна состојка хлорхексидин диглуконат (CHG), кој обезбедува антимикробен заштитен ефект за околу 6 часа и елиминира 99,99% од вообичаенo присутните бактерии, предизвикувачи на заболувања. CHG се смета за најефикасна антисептична состојка на пазарот, има докажана ефикасност во уништување на широко распространети грам-позитивни и грам-негативни бактерии, габи и вируси.
Coresatin биоцидните производи:
Обезбедуваат ефикасна биоцидна активност при чистење и нега на кожата
Ги елиминираат бактериите веднаш по апликацијата и обезбедуваат моментална заштита
Делуваат антисептично при справување со колонизација на патогени и кожни заболувања поврзани со бактериски и габични инфекции
Помагаат во спречување на секундарни инфекции преку елиминирање на бактериите.
Докажано не ја иритираат кожата. Индексот на примарна дермална иритација е нула
Ја штитат и негуваат кожата дури и при долготрајна употреба. Нежни за кожата и лесни за употреба
Тестирани се во согласност со EN 1276, EN 1650 и EN 1500.
Заштитен-П крем: има исти структурни особини со постоечкиот заштитен слој на кожата, помага да се заштити здравата кожа и да се спречи сувост, лупење и пукање на кожата, помага во смирување на иритирана кожа, формира оклузивна бариера која ја минимизира загубата на топлина, ја одржува влагата и ја намалува потребата од топикални стероиди.