DIABIL, 30 меки каспули

390 ден

DIABIL-За нормални концентрации на глукоза во крвта и додаток на храна.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

DIABIL, 30 меки каспули/

ЕФИКАСНА КОМБИНАЦИЈА ОД ДВЕ АКТИВНИ СОСТОЈКИ

125 µg хром пиколинат и 250 mg екстракт од горчлива диња
Во Македонија препорачан максимален дневен внес е 150 µg.

Во повеќе студии се потврдени корисните ефекти од внесувањето хром на толеранцијата на глукоза и/или метаболизмот на мастите.  Во зависност од стадиумот на дијабетес, дијабетските пациенти имаат тенденција да ја загубат можноста за конверзија на хромот во форма во која може да се искористи.

Пиколинската киселина е ефикасен метален хелатор кој се синтетизира во човечките бубрези. Пиколинската киселина е природен метаболит на триптофан, што го прави хром пиколинатот еден од најбиорасположливите извори на хром.

Растението Momordica charantia (горчлива диња, кинеска горчлива тиква, момордика или карела) е ползавка која расте и се култивира во тропските предели на Јужна Америка, Карибите, Источна Африка и троските области на Азија. Од растението се користи плодот во исхрана и како лек. Од зрелите плодови се изработуваат екстракти кои содржат биолошки активни хемиски супстанции со протеинска и стероидна градба.

БЕНЕФИТИ ОД УПОТРЕБА

DIABIL придонесува за одржување на нормални концентрации на глукоза во крвта Допринесува за нормален метаболизам за макронутриентите (јаглехидрати, протеини и масти)

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Возрасни: еднаш дневно по една мека желатинска капсула наутро со оброк. Меката желатинска капсула проголтајте ја со вода.
Не го употребувајте DIABIL како замена за разновидна исхрана.
За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Безбедноста и сугурноста на горчливата диња е е доволно проучена. Познато е дека може да предизвика главоболки и ретко да ги влоши состојбите при срцебиење и при улцери. Поради тоа при користење на Диабил треба да се биде претпазлив и да се зема само во препорачаните дози.

Не се препорачува употреба на Диабил кај лица кои имаат недостаток на ензимот глукоза-б-фосфат дехидрогеназа, кај деца, бремени жени и жени во период на лактација.

Може да го потенцира дејството на инсулинот, на оралната антидијабетична терапија и препаратите за намалување на холестерол.

Досега немате прегледано ниту еден производ.