Надворешен – наткаен кој штити од гасови и бактерии.
Среден – двослоен изработен со N95 “melt blown” Метода со ефикасност на филтрација до 95% за честички без масло.
Внатрешен – мека и удобна облога, со мек контактен слој кој го подобрува комодитетот на носењето на маската.
ПМ 2,5 Филтер со активен јаглен, “А” класа степен на заштита.
Зголемувањето на свеста за квалитетот на воздухот се должи на последните епизоди на енормно загадување во регионот и кај нас. Горењето на јаглен и дрво, заедно со заканата предизвикана од бензините и дизел возилата го доведуваат квалитетот на воздухот на високи штетни нивоа. Маската против воздушно загадување обезбедува решение на прашањето на загадувањето и штити од штетните PM 10 и PM 2.5 честички. Концентрациите на PM 10 и PM 2.5 во градовите, особено во зимскиот период постојано ги надминуваат граничните вредности за заштита на човековото здравје. Овие микроскопски честици првенствено го напаѓаат респираторниот систем со што организмот е изложен на чести настинки, алергии, тешко дишење, појава на астма па се до тешки заболувања.
Маската е лесна за користење, се адаптира на сечија големина, овозможува низок отпор при дишење и може да се користи околу една недела, односно од 20-30 часа активно изложување на аерозагадувањето.





