Enzynorm, 20 капсули

490 ден

  • Подуеност на стомакот
  • Испуштање на гасови
  • Желудочни тегоби
  • Отежнато празнење на цревата

Нема на залиха

Enzynorm 20 kapsuli

Примена и употреба на Ензинорм:

Се препорачува употреба на Ензинорм кај лица со потешкотии при варењето на храна како што се:

  • Подуеност на стомакот
  • Испуштање на гасови
  • Желудочни тегоби
  • Отежнато празнење на цревата

Препорачан начин на употреба е 1 гастрорезистентна капсула во текот на оброкот, 2 пати дневно. Капсулите треба да се голтаат цели.

За што е наменет MaxMedica Ензинорм?

Ензинорм, гастрорезистентна капсула, содржи комбинација на дигестивни ензими кои се состојат од: алфа амилаза (ги разградува скробот и гликогенот), протеаза (ги разградува протеините и пептидите во аминокиселини), целулаза (ги разградува целулозата и хитинот), липаза (помага во емулгирање и разградување на мастите) (бета-галактозидаза, го разградува млечениот шеќер), бромелаин (протеолитички ензим) и папаин (протеаза).

Ензинорм е всушност мешавина од дигестивни ензими од растително и микробиолошко потекло кои учествуваат во разградувањето и варењето на протеините, мастите и јаглехидратите. Покрај тоа, капсулата е од целосно растително потекло и е гастрорезистентна, што значи дека се разложува директно во цревата каде што е најпотребно.

Пакување: 20 гастрорезистентни капсули

 

Зошто се важни ензимите за здравјето на организмот?

Ензимите за варење се неопходни за разградување на состојките на храната, која започнува во устата и завршува во проксималниот дел на тенкото црево. Нарушувања во варењето на состојките на храната, односно нетолеранција на одредени состојки на храната, се манифестираат со симптоми како надуеност, чувство на тежина, чести гасови, грчеви, нарушувања на празнењето на дебелото црево итн.

Зошто недостасуваат ензими во организмот?

Губењето на ензимите за време на фазата на производство на храна се должи на употребата на пестициди и хемикалии во земјоделството, хибридизација и генетска модификација, употребата на хормони за раст на добитокот, додека во фазата на обработка и подготовка на храната, недостаток на ензими се должи на пастеризација, користење на микробранови печки, готвење и печење на високи температури.

Човечкото тело произведува околу 22 ензими кои можат да варат протеини, јаглехидрати и масти, но прекумерното внесување на хидрогенизирани масти (пекарски производи) и заситени масти (месо и млечни производи) и стресот без оглед на причината, доведуваат до намалено производство на овие ензими, а со тоа и на бројни здравствени проблеми.

Што доведува до недостаток на панкреасни ензими во организмот?

Недостаток на протеаза, ензимот кој ги разложува протеините, доведува до:

  • Ослабување на имунитетот
  • Чести бактериски и вирусни инфекции
  • Намалување на нивото на шеќер во крвта
  • Неправилна функција на бубрезите
  • Задржување на вода
  • Проблеми со коските (артритис, остеопороза и остеофити, израстоци на коските
  • Малигни промени

Недостаток на амилаза, ензимот одговорен за разложување на јаглехидрати кои не содржат влакна, доведува до:

  • Промени на кожата (осип, габични инфекции, херпес и чиреви)
  • Проблеми со белите дробови (астма, бронхитис и емфизем)
  • Болести на црниот дроб и жолчното кесе

Недостаток на липаза, ензим кој ги разложува мастите, има свои последици, како што се:

  • Зголемен холестерол
  • Дебелина
  • Дијабет
  • Кардиоваскуларни нарушувања
  • Хроничен замор
  • Вртоглавица

Нутритивни вредности

Активни состојки 1 капсула содржи 2 капсула содржи % NRV*
DigeZyme®

α-Amilaza: 29035 DU/g

Proteaza: 7 110 PC/g

Lipaza: 245 FIP/g

Celulaza: 1135 CU/g

Laktaza:7 110 PC/g

100 mg 200 mg
Сув екстрактод плод од папаја (Carica papaya) 4:1 100 g 200 mg
Bromelain: 2400 GDU/g 100 mg 200 mg

*Nutrient Reference Value

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

Состав

Mалтодекстрин, DigeZyme® смеса од ензими, сув екстракт од папаја (Carica papaya, 4:1), сув екстракт од стебло од ананас (Ananas comosus) стандардизиран на бромелаин, капсула (хидроксипропилметилцелулоза), средства против згрутчување: сицилиум-диоксид, магнезиум стеарат.