Fural S капсули
Состав
Нифуроксазид 200 mg.
Фармацевтска форма
Капсула, тврда.
Дејство
Нифуроксазидот припаѓа во групата антидијареици и во групата интестинални антиинфламаторни/антиинфективни лекови. Дејствува локално во цревата и покажува екстремно ниска системска апсорпција. Активноста се должи на нитро-групата (NO2), којашто е силно електрон-реактивна.
Употреба
Фурал С се употребува за краткотрајно лекување на акутна дијареја од бактериска етиологија, односно дијареја како резултат на бактериски инфекции предизвикани од грам-позитивни коки:
- Streptococcus pyogenes,
- Staphylococcus pyogenes,
Како и од грам-негативни ентеробактерии:
- Escherichia coli,
- Salmonella
- Shigella.
Пакување
Fural S капсули – Кутија со 10 капсули во блистер и со упатство за пациентот.





