Gasimetin forte Simetikon+Prebiotic, 12 ќесички

285 ден

Активната состојка, симетикон, ги разградува меурчињата со гас заробени во желудникот и цревата. Така, гасовите се отстрануваат природно.

Пребиотикот помага при запек,  подуеност и болки во стомакот.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Gasimetin forte Simetikon+Prebiotic/ Гасиметин форте симетикон+пребиотик/

Оралниот прав Gasimetin форте е медицински уред кој се користи за ублажување на симптомите поврзани со гасови, како што се надуеност или абдоминална болка и за регулирање/нормализирање на гастроинтестиналната функција и олеснување на движењето на дебелото црево.

✔ брзо дејство и долгорочно решение за ублажување на гастроинтестинални нарушувања предизвикани од гасови

✔ лесен за употреба

✔ 1 – 3 кесички дневно

✔ пријатен вкус на ванила

✔ клинички тестирани состојки

✔ без конзерванси, бои, лактоза, глутен

✔ не содржи состојки од животинско потекло

Состав: KiOtransine® (500 mg), симетикон (250 mg), сорбитол, силициум диоксид, арапска гума, ксантанска гума, вкус на ванила, сукралоза, ацесулфам К.

KiOtransine® е пребиотик, природен биополимер со висока чистота, патентиран од KitoZyme. Помага при запек (стимулира интестинален транзит), надуеност и болки во стомакот. KiOtransine® е иновативна состојка добиена од мицелиумот на габата Aspergillus niger.

Гасиметин форте се препорачува за возрасни со цел:

✔ Ублажување на симптомите поврзани со гасови, како што се чувството на надуеност, абдоминална дистензија, подуеност или стомачна болка

✔ Регулирање/нормализација на гастроинтестиналната функција и олеснување на празнењето

Возрасни над 18 години: Содржината од 1 ќесичка сипете ја директно во устата (не е потребна вода) после оброк или пред спиење, најмногу 3 пати на ден.

Gasimetin® Forte може да се користи до 4 недели, во зависност од индивидуалните потреби.