Ibuprofen Aktiv крем 10% / Ибупрофен Актив крем
Терапевтски индикации
- болка во грбот, ревматска, мускулна болка,
- болки при повреди (изместување, шинување, истегнување),
- невралгија
- болка при благи до умерени артритични состојби.
Користење:
Возрасни и деца над 12 години
50 mg до 125 mg (2 cm до 5 cm) од кремот, нежно да се втрие на болното место, се додека не се апсорбира. Дозата може да се повторува на секои четири часа, не повеќе од 4 пати во тек на денот (24 часа).
Ако после 2 недели примена, симптомите не се смират или дојде до влошување на симптомите, лекарот треба да ја процени оправданоста од понатамошната примена на лекот.
Состав:
1 g крем содржи 100 mg ибупрофен