Ibuprofen Aktiv филм-обложени таблети

125 ден260 ден

Ибупорфен е аналгетик кој е безбеден за желудникот и кај пациенти со срцеви заболувања.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Ibuprofen Aktiv филм-обложени таблети /  Ибупрофен актив

Терапевтски индикации

  • Намалување на покачена телесна температура
  • Менструална болка
  • Забоболка
  • Главоболка и мигрена
  • Болки во грбот
  • Болки во зглобови поради повреди (изместување, шинување, истегнување)
  • Дегенеративни промени на коските и зглобовите (спондилоза, остеоартрит)
  • Ревматоиден артрит
  • Повреди на меките ткива
  • Постоперативна болка

Ибупорфен е аналгетик кој е безбеден за желудникот и кај пациенти со срцеви заболувања.

Во зависност од должината на трањето на болката треба да се одреди и третманот, бидејки лековите кои се користат за третман на болка, обично се штетни за некој друг орган, па секогаш треба да направиме евалуација на тоа што добиваме, а што може да се јави како последица.

Обично послабите аналгетици се побезбедни, додека појаките се поефикасни, но тие пак можат да предизвикаат болки и оштетување на други органи (желудникот, црниот дроб) или да предизвикаат несакани компликации кај оние со срцеви заболувања.

Затоа секогаш треба да се одбере најбезбедниот, а сепак ефикасен аналгетик.

Ефикасноста, добрата подносливост и безбедениот профил влијаат на тоа да ибупрофенот долго се задржи во клиничката пракса. Во однос на другите нестероидни антиинфламаторни лекови, тој  има еден од најниските ризици за развој на гастроинтестинални компликации, ниска хепатотоксичност и поволен кардиоваскуларен профил со низок ризик од појава на несакани дејства.

Ибупорфен е аналгетик кој е безбеден за желудникот и кај пациенти со срцеви заболувања.

Користење:

Возрасни и деца над 12 години

  • 400 mg – 600 mg  на секои 6-8 часа, а најмалку на 4 часа.
  • Максимална дневна доза е 2400 mg
  • Доза на одржување е 600 mg -1200 mg дневно
  • Филм-обложените таблети треба да се земат во тек на оброк или после оброк, со чаша вода

Состав:

1 филм-обложена таблета содржи 200 mg или 400 mg ибупрофен.

Пакување

200mg, 400mg

Досега немате прегледано ниту еден производ.