Imunocink® за возрасни е оптимална комбинација на витамин Ц и цинк, кој помага во зајакнувањето на одбраната на телото. Цинкот е важен за правилното функционирање на нервниот и имунолошкиот систем, а витаминот Ц ги неутрализира штетните ефекти на слободните радикали со своето силно антиоксидантно дејство.
Начин на употреба:
Imunocink® за возрасни се препорачува како дневен додаток во исхраната за зачувување на одбрамбените способности на организмот, како и за зголемени потреби за цинк и витамин Ц (спортисти, адолесценти, постари лица, вегетаријанци, дијабетичари, луѓе изложени на физички и психолошки стрес). Џвакајте ја или растворете ја таблетата во устата. Се препорачува да се зема една таблета дневно, после оброк, по можност со вода, никогаш со млеко, кафе или други пијалоци кои содржат кофеин. Исто така, овие додатоци во исхраната треба да се земаат одделно од производите што содржат калциум и железо, бидејќи ја намалуваат неговата апсорпција. Апсорпцијата на цинк може да се намали и со некои лекови (АСЕ-инхибитори, диуретици и антациди).
1 Таблета содржи:
Витамин Ц 300 мг
Цинк 10 mg
Белешки:
Додатоците во исхраната не можат да се користат како замена за разновидна исхрана.
Предупредување и ограничувања за употреба:
Не треба да се надминува препорачаната дневна доза од една таблета. Imunocink® за возрасни не треба да го користат луѓе кои се преосетливи на која било состојка на препаратот. Содржи извор на фенилаланин.
Начин на складирање:
Да се чува на собна температура, заштитено од влага. Производот не треба да се користи по истекот на рокот означен на пакувањето. Се чува вон дофат на деца.





