INSTYLAN® е медицинско помагало кое содржи стерилен раствор со хијалуронска киселина наменет за иригација (миење) на мочниот меур. Со директно вбризгување на хијалуронска киселина во мочниот меур, се обновува заштитниот слој на ѕидот на мочниот меур и се спречуваат нови оштетувања. На овој начин се регулира појавата на инфекции и воспалителни процеси во мочниот меур и на ниво на целиот уринарен тракт.
Состав: Стерилен раствор за интравезикално наводнување 50 ml, Натриум хијалуронат 80 mg, Фосфат пуфер ph 7,3; вода за инјектирање, NaCl.
Во кои услови се препорачува употреба на производот INSTYLAN®?
INSTYLAN® се користи при хроничен и рекурентен циститис, интерстицијален циститис, хиперактивен мочен меур, по одредени дијагностички и оперативни процедури: уретероскопија, цистоскопија, трансуретрална ресекција на аденом итн. INSTYLAN® се препорачува и по зрачење заради лекување на рак, како и кога се појавуваат токсични материи во урината.
Зошто INSTYLAN®?
- Хијалуронската киселина создава високо еластична мембрана на површината на слузницата на мочниот меур
- Слузницата на мочниот меур е заштитена од негативните ефекти на токсините од урината, бактериите, механичките повреди и зрачењето
- Се забрзува регенерацијата на оштетениот уротел, се намалува иритацијата и се намалува чувството на болка
- Единствена формулација
- Безбедна апликација, без несакани ефекти
Начин на примена:
INSTYLAN® е наменет за интравезикална употреба еднаш неделно.
Циклусот на третман вклучува 4-12 дози. Пред употреба, температурата на растворот мора да биде најмалку 20°C. Пациентот мора да го испразни мочниот меур пред администрацијата. INSTYLAN се администрира во шуплината на мочниот меур преку катетер; времетраењето на терапијата е од 30 минути до 2 часа.





