JAKA NOVA AMINALON 250mg, 100 таблети

895 ден

JAKA NOVA AMINALON 250mg – Гама-аминобутернаta киселината киселина (GABA) е непротеинска амино киселина која служи како невротрансмитер

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

JAKA NOVA AMINALON 250mg

АМИНАЛОН 250 мг

  • Храна за посебна нутритивна употреба-
  • Храна за посебни медицинскинамени
  • Без додаден шеќер
  • Без глутен
  • Помага во одржување на менталното здравје и релаксација*

*-според клинички испитувања

Што претставува Гама-аминобутерна киселина киселина (GABA) и за што се употребува?

Гама-аминобутернаta киселината киселина (GABA) е непротеинска амино киселина која служи како невротрансмитер. Се наоѓа рамномерно распределена во скоро сите регии на големиот мозок, р’бетниот мозок и во локалните инхибиторни интернеурони. Триесет проценти од човечките мозочни неврони содржат GABA, што влијае скоро на сите нервни активности. GABA е главен инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем на цицачите. Инхибиторното дејство го постигнува зголемувајќи ја пропустливоста на невронската мембрана за јоните на хлорот, постигнувајќи стабилизација на потенцијалот на мирување.

Ефектите се одигруваат преку специфичните GABA рецептори (GABA а-инхибиција и зголемување на пропустливоста за хлор и GABA b-инхибиција, смалувањена пропустливост за калциум или зголемување на пропустливост за калиум).

Голем број на невролошки нарушувања (нервоза, депресија,несоница и епилепсија ) се поврзани со намалени нивоа на GABA или нарушена функција на GABA.

Придобивките од употребата на гама-аминобутерна киселината се должат на неговото антихипертензивно, анти-стресно, анксиолитично и релаксантно дејство. Дејството го постигнува за време од 60 минути.

АМИНАЛОН како орален додаток во исхраната може да помогне при

  • нервоза,
  • депресија
  • стрес
  • несоница
  • предменструален синдром
  • епилепсија
  • стабилизирање на крвниот притисок
  • ADHD (attention deficit hyperactivity disorder).

Клиничките студии го потврдуваат позитивното дејство при

  • цереброваскуларните заболувања (атеросклероза, хипертензија),
  • при хронична церебро-васкуларна инсуфициенција проследена со нарушена меморија,
  • намалена моќ за концентрација,
  • пречки во говорот,
  • вртоглавица и главоболка,
  • при динамички пореметувања на церебралната циркулација како и пациенти со пост-апоплектична состојба и во пост-трауматски период со цел да се зголеми психофизичка способност на болните.

GABA ја зголемува продуктивноста на

  • мисловните процеси,
  • ја подобрува меморијата,
  • влијае на воспоставување на моториката и говорната моќ после нарушена мозочна
    циркулација.

Клинички студии укажуваат на влијанието на GABA врз хормонот за раст, намалување на телесните масти и зголемувањето на телесните перформанси кај спортисти.

АМИНАЛОН филм-обложените таблети од 250 mg се земаат во период од 2-3 недели до 2-6
месеци .
Возрасни: Пред јадење 3 пати на ден по: 2-5 филм-обложени таблети

Деца: Од 3 години 1-3 филм обложени таблети, Од 4-5 години 3-4 филм обложени таблети, Постари од 7 години 4 филм обложени таблети

Ранг на дозирање според клинички студии за GABA:
Нервоза 250-500 mg до два пати на ден
Стрес 250-500 mg до два пати на ден
Хронична болка 250-500 mg до два пати на ден
Фибромијалгија 250-500 mg до три пати на ден
Хипертензија

2.5g /ден. После 15 дена, доколку крвниот притисок се намалил, Дозата се намалува на 1.5g/ден
Несоница 500-1000 mg пред спиење

Извадок од упатство:

Предупредување и мерки на предпазливост
АМИНАЛОН филм-обложените таблети од 250 mg не треба да се употребуваат доколку постои
преосетливост на некоја од компонентите. Во случај на пречувствителност на некоја компонента, прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар.

Производот не е наменет за деца под 3 години. Производот не е наменет за бремени жени и доилки. Ако имате дијагностицирано некое заболување или земате други лекови, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Да не се консумира алкохол за време на терапијата со АМИНАЛОН.
АМИНАЛОН има влијание врз способноста за возење и ракување со машини. Потребна е посебна
предпазливост при возење и управување со машини. Да се следат препораките за дозирање и
употреба дадени од вашиот лекар.
Важна напомена
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана. Производот да не се
користи како замена на терапија препишана од лекар.

Досега немате прегледано ниту еден производ.