JoyFlex XL, ампула, 3ml

11,460 ден

Интраартикуларна инјекција (хијалуронска киселина + МСМ), наменета за третман на остеоартритис
Произведено во Италија

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

JoyFlex XL / Џои Флекс /

JoyFlex XL интраартикуларна инјекција, формулирана на база на хијалуронска киселина (HA) и метилсулфонилметан (MSM) е наменета за третман на остеоартритис. JoyFlex XL ја стимулира ендогената синтеза на хијалуронска киселина во синовијалните фибробласти, го намалува триењето при движења во оштетените зглобови и ги одложува понатамошните дегенеративни промени во зглобовите. Очекувани ефекти по нанесувањето се: намалување на воспалението, отокот и болката, подобрување на подвижноста на зглобовите, спречување на инвалидност (неможност за движење) и забавување на прогресијата на болеста.

Хијалуронската киселина (ХА) која се применува интраартикуларно има хондропротективно, антиинфламаторно и аналгетско дејство. Учествува во синтезата на протеогликани и гликозаминогликани. Ја зголемува вискозноста и еластичноста на синовијалната течност, со последователно намалување на болката и подобрување на подвижноста на зглобовите. Благодарение на неговите карактеристики (вискозен и еластичен гел), делува како лубрикант за ‘рскавицата и лигаментите и амортизер во зглобовите. Дејствува само во зглобот во кој се инјектира, без никаков системски ефект. Метилсулфонилметан (MSM) содржи сулфур, а сулфидните врски (S-S) се важни бидејќи даваат сила и стабилност на протеинските структури. Се користи во третман на остеоартритис поради неговите антиоксидантни и хондропротективни својства.
Клиничките испитувања покажаа дека МСМ може да го заштити мускулот од штетните ефекти на слободните радикали на кислород, особено кога е подложен на механички стрес. МСМ, исто така, ја подобрува подвижноста на зглобовите при остеоартритис и ги одложува зглобните компликации кои се јавуваат за време на воспалителниот процес.

Пред употреба, детално прочитајте ги упатствата! Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за индикациите, мерките на претпазливост и несаканите реакции на медицинскиот производ.
Пакување: 1 интраартикуларна инјекција од 3 ml

Начин на употреба:

Примена во зависност од состојбата на пациентот, по препорака на лекар. Минималниот интервал помеѓу 2 дози е една недела.

Состав: Натриум хијалуронат, МСМ, натриум хлорид, натриум дихидроген фосфат дехидрат, двобазен натриум фосфат додекахидрат, вода за инјектирање.

Досега немате прегледано ниту еден производ.