NOW L-OptiZinc 30mg/ Опти цинк/ е форма на комплекс на цинк со аминокиселина Метионин. Истражувањата покажаа дека овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.
- Имунолошка поддршка
- Висока биорасположлива форма
- Поддршка на ензимската функција
- Со бакар
Состав Количина во 1 доза: 1 капсула | % на дневни вредности |
Цинк (од L-OptiZinc® Monomethionine)
30 mgБакар (од Copper Amino Acid Chelate) 0.3 mg |
200%15% |
Препорака за употреба: Земете 1 капсула дневно.
Цинкот се содржи во сите клетки и е одговорен за над 300 ензимски реакции во организмот. Важен во апсорпција на витамин А и одржување на нормално ниво на витамин Е во организмот, за силен имунолошки систем, за добра функција на половиот систем кај мажи и жени, за простата, потенција и неплодност, стимулира и штити од алергии и кожни болести како псоријаза. Недостигот доведува до депресивни симптоми, мускулна атрофија, ниско ниво на тестостерон.
Неопходен е за формирање на колаген, суштинска компонента на сврзните ткива, вклучувајќи кожа и зглобна ‘рскавица. Исто така, цинкот е неопходен за многу органи и телесни системи да функционираат нормално, вклучително и скелетни, имунолошки, невролошки и ендокрини системи. Важен за чувството на вкус и мирис, одржување на нормално ниво на бакар како и кисело базна рамнотежа во организмот.
Цинкот е неопходен за синтеза на РНК / ДНК и меѓуклеточна сигнализација, има клучна улога во одбраната на телото од оксидативни процеси и за нормално стареење.
ПРЕДНОСТИ НА L-OptiZinc
- Супериорна апсорпција и задржување
- Супериорни антиоксидантни својства
- Супериорна клеточна заштита
- Здрав вид и нормална когнитивна функција
- Здрава кожа, коса и нокти
- Повеќе здравствени придобивки – од имунолошка функција до здравје на кожата