Lacalut White & Repair СПЕЦИЈАЛНА ЗАБНА ПАСТА ЗА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА И БЕЛЕЕЊЕ НА ЗАБИТЕ
Lacalut white & repair пастата за заби содржи специјална формула на активни состојки за природно избелување на забите и дентална грижа.
- чисти
- заштитува
- реминерализира
РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА
Дури 90% од проблемите со кариесот започнуваат од невидливите микро пукнатини во забната глеѓ, кои се изложени на напади од бактерии и со текот на времето ги оштетуваат забите.
Lacalut White & Repair е единствена паста за заби која ефикасно ги репарира микропукнатините во забите, со помош на специјалната активна состојка: наномолекуларен микрокристален хидроксилапатит.
Хидроксилапатит е главна компонента од која е изградена природната забна глеѓ. Наномолекуларниот микрокристален хидроксилапатит застапен во Lacalut White & Repair игра улога на т.н. “течна глеѓ” со тоа што директно се вградува и ги пополнува настанатите дефекти. На тој начин
- Ја подобрува реминерализацијата на глеѓта и дентинот
- Ја намалува појавата на кариес
- Ги измазнува површините на забите и го намалува таложењето на забен плак
- Поволен за одржување на бојата по професионално белење на забите
ИЗБЕЛУВАЊЕ
Фосфатните компоненти кои ги содржи Lacalut White & Repair ги избелуваат забите:
- превенираат создавање на нови дамки и ги отстрануваат веќе присутните
- не дозволуваат создавање на забен камен
- има нежна формула за избелување со навистина ниска абразивност без притоа да настане оштетување на глеѓта
Го елиминира пребојувањето на забите од кафе, чај и црвено вино
Специјалната паста Lacalut White & Repair е наменета за секојдневна употреба без ограничувања за возрасни и деца над 12 години
Начин на употреба: да се мијат забите наутро и навечер со количина колку зрно грашок. За возрасни и за деца над 12 години.
Пакување: 75 ml