Linex forte caps. x 14

Бренд:

320 ден

Линекс Форте капсулите се користат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Количина:

Категорија:

Опис

Линекс Форте е пробиотик што значи дека содржи микроорганизми кои во соодветни количини се корисни за здравјето. Линекс Форте содржи два вида на лиофилизирани млечно-киселински бактерии (Lactobacillus acidophilus, CHR.HANSEN LA-5TM и Bifidobacterium animalis subsp. Lactis, CHR.HANSEN BB-12TM во однос 1:1), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора.

CHR.HANSEN BB-12TM и CHR.HANSEN LA-5TM се трговски марки на Chr. Hansen A/S. CFU e број на лиофилизирани млечно киселински бактерии во една капсула.

Млечно-киселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии.

Бактериите во Линекс Форте капсулите се лиофилизирани (т.е исушени на ниска температура). Поради тоа, чувањето на собна температура е можно без промена на формата и активноста на бактериите.

Линекс Форте капсулите се користат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Такви состојби се:
бактериски и вирусни желудечноцревни инфекции кај новороденчиња, деца и возрасни (на пр. ротавирус инфекции, пролив кој се јавува при патување);
лекување со антимикробни лекови (антибиотици и други синтетски антимикробни лекови);
зрачење на абдоминалните и карличните органи.
Употребата на пробиотици или млечно-киселински бактерии ефективно ја намалува честотата и сериозноста на благите до умерени дигестивни симптоми (главно пролив), кои настануваат поради нарушување на нормалната цревна микрофлора и ја одржува нормалната цревна перисталтика.

Сеуште немате прегледено производи