Што содржи Lipibor?

Lipibor е оригинална комбинација од природни состојки, создадена со цел намалување на холестеролот во крвта. Секоја капсула содржи висококвалитетни стандардизирани екстракти на:

Policosanol (Поликозанол) – 10mg

Niacin (ниацин) – 10mg

Beta-glucan (Бета глукан) – 300mg

Како дејствува Lipibor?

Секоја состојка игра важна улога за регулирање на холестеролот и заедно со тоа тие се надополнуваат и имаат заеднички засилен ефект. Lipibor има благопријатно дејство врз намалувањето на вкупниот холестерол, на LDL (лошиот холестерол), на VLDL и триглицеридите, а во исто време го зголемува HDL (добриот холестерол).

Комплементарен ефект на тројната комбинација (Lipibor)

Вкупен холестерол LDL VLDL HDL Триглицериди
Policosanol
Niacin
Beta-glucan

Во прилог, Lipibor е тромбоцитен антиагрегант и имуномодулатор

Кога да употребуваме Lipibor?

Lipibor се употребува како помошно средство со промената на исхраната и начинот на живот, со цел намалување на зголемените нивоа на холестерол. Намалувајќи го LDL и зголемувајќи го HDL Lipibor штити од развој на атеросклероза.

Неговиот најсилен ефект е зголемувањето на добриот холестерол (HDL). Освен тоа Lipibor ја намалува агрегацијата на тромбоцитите како кај здрави, така и кај луѓето со висок холестерол, што е од корист кај пациенти со ‘claudicatio intermittens’.

Како да земаме Lipibor?

Препорачаната почетна доза е 1 капсула за време на вечера или пред спиење, бидејќи синтезата на холестеролот е зголемена во текот на ноќта.

Lipibor има позитивен ефект врз контролата на холестеролот уште во првите 6-8 недели на употреба. Ефектот може да настапи и до 12 недели. По потреба дозата може да се зголеми – до 2 Капсули дневно, по 1 за време на ручек и 1 за вечера.

Препорачуваме Lipibor да се зема, ако нивото на холестерол надминува 5.17 mmol / l. При нивоа на холестерол помеѓу 5.17 – 6.20 mmol / l, по 1 капсула Lipibor дневно; ако нивото на холестеролот е повисоко од 6.20 mmol / l, по 2 капсули дневно.

Како да постигнеме оптимален ефект со Lipibor?

За оптимална контрола на вашиот холестерол, важно е да се комбинираат следните три елементи:

  • диета
  • физичка активност
  • употреба на Lipibor

Интеракција, синергизам и безбедност

  • Lipibor има синергистички ефект со други препарати, кои го намалуваат холестеролот (статини, фибрати).
  • Го потенцира антиагрегантното дејство на аспиринот.
  • Сосема безбеден е и не поседува несакани ефекти. Може да го земаат дијабетичари, луѓе во поодминати години и при намалена функција на црниот дроб.
  • Не се препорачува за време на бременост и доење.

Lipibor®е трговска марка на фирма БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со барањата на Добрата производна пракса. Lipibor е додаток во исхраната. Да се ​​чува на суво, недостапно за деца место, на температура под 30º С.

Зголемено ниво на холестерол во крвта

Холестерол

Холестеролот претставува восочна, масна супстанција произведена од црниот дроб. Мали количини холестерол се неопходни за добро здравје. Ако нивоата во крвта се задржат високи подолго време, тоа доведува до формирање на плаки во артериските ѕидови, стеснување на крвните садови, влијае на згрутчувањето на крвта во артериите кои пренесуваат крв во мозокот и срцето.

Холестеролот се транспортира во крвта во микроскопски честички, наречени липопротеини. Двата главни видови липопротеини се липопротеин со ниска густина (LDL) u липопротеин со висока густина (HDL). LDL или т.н. “лош” холестерол,го пренесува холестеролот кон артериските клетки и придонесува за срцеви заболувања. HDL го зема холестеролот од артериите и го транспортира назад кон црниот дроб, каде што тој се уништува. Високите нивоа на HDL се поврзуваат со намален ризик од заболување, затоа HDL го нарекуваат “добар” холестерол.

Други масни супстанции во крвта се триглицериди. Намалувањето на високиот холестерол и триглицериди може значително да го намали ризикот од срцев напад или удар.

Ризик фактори за висок холестерол

  • наследна предиспозиција за висок холестерол, срцев напад или удар
  • фактори кои произлегуваат од начинот на живот – прием на храна со
  • висока содржина на масти и холестерол, прекумерна тежина, седечки начин на живот, прекумерна употреба на алкохол

Симптоми

При висок холестерол обично нема клинички симптоми. Затоа холестеролот го нарекуваат “тивок убиец”.

Дијагноза

Високиот холестерол може да се утврди со испитување на крвта на гладно.

Кој треба да се испитува?

Мажи над 40 години и жени над 45 години или после менопауза.

Луѓе со дијагностициран ИБС (исхемична болест на срцето), со ризик фактори и наследна предиспозиција за ИБС и дијабетичари.

Превенција и лекување на висок холестерол

  • Промена во начинот на живот
  • Откажување од пушење, зголемување на физичката активност, намалување на телесната тежина, намалување на употребата на алкохол.
  • Земање на препарати, намалување на холестеролот (Lipibor)

Промена на начин на исхрана

Повеќето луѓе можат да го намалат нивото на холестерол со 10% до 20%, преку промена на исхраната. За да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести мастите во храната треба да се под 30% од вкупните калории, а само 7% од овие калории треба да се од заситени масти (месо, млечни). Здравата исхрана бара да се зголеми земањето на незаситени масти (маслиново масло) и на омега-3-масни киселини од риба, и да се намали внесот на рафинирани јаглехидрати и шеќер. Важно е и обезбедувањето на растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти преку консумирање на различни зеленчуци, овошја, цели зрна, мешунки, ореви и семки.

Земање на Lipibor

Заедно со промените во исхраната и начинот на живот за здраво намалување на холестеролот, редовно треба да се зема Lipibor – природен производ, зголемување на добриот холестерол (HDL) и намалување на лошиот (LDL). Ако не успеете да го намалите нивото на холестерол обратете се кај вашиот лекар.

Да се следат редовно нивоата на холестерол

При намалување на холестеролот преку промена на начинот на живот и прием на Lipibor, нивото на холестерол треба да се проверува од 3 до 6 месеци.

Бременост и висок холестерол

Нормално е холестеролот да се зголеми во текот на бременоста. Но, тоа не се однесува на случаите во кои жената има висок холестерол пред да забремени.

Деца и висок холестерол

Кај деца со наследна предиспозиција за срцево заболување или зголемен холестерол, лекарот може да препорача испитување на холестеролот. Ако се открие високо ниво на холестерол, тоа обично се лекува со промена во начинот на исхрана и живот и прием на Lipibor кој е безопасен. Ретко се користат лекови.