LYSOBACT COMPLETE спреј 30ml

355 ден

Локален третман на гингивитис, стоматитис, афти, воспалено грло, пред и по хируршки зафати (крајници),апсцеси, по вадење заби.

Нема на залиха

LYSOBACT COMPLETE спреј 30ml/

Лекот содржи три активни супстанции, лизозим хидрохлорид, цетилпиридин хлорид и лидокаин хидрохлорид (20 + 1,5+ 0,5) mg/ml. Спаѓа во групата на лекови кои влијаат на респираторниот систем – препарати за третман на болести на грлото.

Лекот се применува:

  • За локален третман на акутни воспалителни заболувања на мукозната мембрана на усната шуплина и фаринксот,
  • гингивитис (болест на непцата),
  • стоматитис (воспаление на мукозната мембрана на усната шуплина) и
  • афти (мали рани на мукозната мембрана на уста)
  • За помошен локален третман на болно, иритирано и воспалено грло и фаринкс.
  • По препорака на лекарот, пред и после хируршки зафати (крајници, грклан), како и при повреди или апсцеси и после вадење на заб.

Начин на примена

  • Се препорачува да се користи лекот само за еден пациент.
  • Пред првата употреба, потребно е да се отстрани пластичното капаче од пумпата за прскање.
  • После тоа, ставете го апликаторот за прскање на пумпата за прскање со мал притисок.
  • Апликаторот е подвижен странично и обезбедува правилно нанесување на спрејот во усната шуплина.
  • Треба да го свртите апликаторот нагоре, под прав агол на шишето.
    Пред првото нанесување на спрејот, прво треба да ја притиснете пумпата за прскање неколку пати, додека не се постигне еднообразно прскање.
  • Треба целосно да ја отворите устата, да го насочите апликаторот кон погодената област и да ја притиснете пумпата за прскање онолку пати колку што е наведено во дозата на лекот.
  • Треба да го задржите здивот додека прскате. Не голтајте.
  • По нанесувањето на лекот, треба да го свртите апликаторот надолу, блокирајќи го спрејот.
    Дозирање
  • За единечна доза потребно е да се притисне пумпата за прскање пет пати. Постапката може да се повторува 3-6 пати на ден, со минимални интервали од 2 часа помеѓу дозите.
  • Со едно притискање на пумпата за прскање се ослободува 0,20 ml раствор кој содржи 4 mg лизозим, 0,3 mg цетилпиридин и 0,1 mg лидокаин хидрохлорид.
  • Не се препорачува за деца под 6 годишна возраст.

LYSOBACT COMPLETE спреј 30ml не содржи шеќер и е погоден за употреба од дијабетичари.

Времетраење на третманот

Времетраењето на третманот е ограничено на 5 дена.

Ако нанесете повеќе LYSOBACT COMPLETE SPRAY отколку што треба

Доколку сте користеле поголема количина на лек од пропишаното, веднаш контактирајте го вашиот лекар или фармацевт!

Ако употребите повеќе LYSOBACT COMPLETE SPRAY отколку што треба или ако случајно проголтате малку течност директно од шишето, веднаш контактирајте со вашиот лекар. Земете го пакувањето со лекот со себе, за да покажете кој лек сте го проголтале.

Доколку сте заборавиле доза:

Доколку сте заборавиле да го нанесете лекот, немојте потоа да нанесувате двојна количина од лекот, туку продолжете со примената на лекот според вообичаениот распоред.

Ако заборавите да нанесете LYSOBACT COPLETE SPRAY, направете го тоа веднаш штом ќе се сетите. После тоа, продолжете со употреба на лекот според вообичаениот распоред и на препорачаниот начин.

Ако престанете да го користите: Користете го овој лек онолку долго колку што ви препишал вашиот лекар.

Ако одеднаш престанете да го користите овој лек, не се очекуваат штетни ефекти врз вашето тело.

Во случај на какви било нејаснотии или прашања во врска со употребата на LYSOBACT COMPLETE SPRAY, контактирајте со вашиот лекар или фармацевт.

За повеќе информации, прочитајте го упатството пред употреба!