Macrogol Max / Макрогол Макс /
Macrogol Max е лек за ректална употреба, во форма на микроклизи. Формулиран на база на полиетилен гликол (Macrogol 4000), го олеснува празнењето во случај на запек.
Macrogol 4000 е инертен полимер кој може да има лаксативно дејство благодарение на неговиот осмотски механизам, со привлекување вода, што доведува до омекнување на фекалната маса и полесно празнење, без да ја иритира слузокожата. Клиничкото испитување го потврди супериорното дејство на Макрогол 4000 во споредба со лактулозата и глицеролот, што се рефлектира со зголемување на зачестеноста на столицата и намалување на напорот, како и отсуство на несакани ефекти. Макрогол 4000 микроклизма се покажа како поефективен од супозиториите во потешки случаи, комбинирани со подобра контрола во случаи поврзани со хемороиден синдром или синдром на нервозно дебело црево.
Пред употреба, детално прочитајте ги упатствата! Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт за индикациите, мерките на претпазливост и несаканите реакции на медицинскиот производ.
Индикации:
Запек
Примарен запек
Запек поврзан со синдром на нервозно дебело црево
Подготовка за дијагностички процедури
Пакување: 4 микро клизма од по 9 g
Начин на употреба:
1 микроклиза по потреба или како што е препорачано од лекар.
Состав: полиетилен гликол (Макрогол), бензил алкохол, дехидрооцетна киселина