Macrogol Max Junior / Макрогол Макс Јуниор /
Macrogol Max Junior е лек за ректална употреба, во форма на микроклизи. Формулиран на база на полиетилен гликол (Macrogol 4000), го олеснува празнењето во случај на запек.
Macrogol 4000 е инертен полимер кој може да има лаксативно дејство благодарение на неговиот осмотски механизам, со привлекување вода, што доведува до омекнување на фекалната маса и полесно празнење, без да ја иритира слузокожата.
Клиничкото испитување кај педијатриската популација покажа поволен терапевтски профил без несакани ефекти и со брз почеток на дејство во рок од половина час од администрацијата.
Сите испитани деца со запек имале голем напредок во воспоставувањето на физиолошко празнење.
Пред употреба, детално прочитајте ги упатствата! Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за индикациите, мерките на претпазливост и несаканите реакции на медицинскиот производ.
Индикации:
Запек
Примарен запек
Подготовка за дијагностички процедури
Пакување: 4 микро клизма од по 6 g
Начин на употреба:
1 микроклиза по потреба или како што е препорачано од лекар.
Состав: Полиетилен гликол (Макрогол), бензил алкохол, дехидрооцетна киселина.