Magnesium gorki joni za opuštanje/ Магнезиум горки јони за опуштање/ се всушност ќесички Магнезиум хлорид, без други адитиви, добро растворливи во вода, кои се користат при ниска концентрација на магнезиум во крвта, како и за надворешна примена, во вид на лековити купки.
Gorkite joni za opuštanje, Магнезиум хлорид придонесуваат во намалувањето на заморот, за нормално функционирање на нервниот систем, во работата на мускулите, за нормална функција на психата, во одржувањето на коскената маса и забите, при синтеза на протеините, во одржувањето на електролитната рамнотежа.
Магнезиумот има улога и во процесот на делбата на клетките во организмот.
Магнезиум хлоридот дејствува особено поволно кај мускулни болки или грчеви. Бањата, т.е. купката се препорачува за смирување, хиперактивност (природен седатив) и детоксирачки третмани.
Gorki joni za opuštanje имаат соленкасто-горчлив вкус. За да се постигне попријатен вкус, растворете една ќесичка во 100ml до 200ml сок, студен чај или Harmony Multivitamin освежителен напиток. Се препорачува употреба на една ќесичка Горки јони за опуштање дневно.
Ќесичката од горки јони може да се користи за подготовка на раствор кој се распрснува на кожата (1gr MgCl u 1ml вода) или за подготовка на лековита купка.