Масло за еластичност,35ml

250 ден

За време на бременоста кожата е истегнета, а зголеменото ниво на хормони влијае на нејзината регенерација. Таа станува многу сува, чувствителна, дури и чеша и има потреба од посебна грижа со силно хранливо дејство за да ја одржи својата еластичност.

Нема на залиха

За време на бременоста кожата е истегнета, а зголеменото ниво на хормони влијае на нејзината регенерација. Таа станува многу сува, чувствителна, дури и чеша и има потреба од посебна грижа со силно хранливо дејство за да ја одржи својата еластичност. Маслото за еластичност содржи избрана комбинација од природни состојки со висок квалитет од 97,6% – растителни масла и витамини. Тие ја нормализираат и ја подобруваат состојбата на кожата, обезбедувајќи и хидратација, негување, добра еластичност и мекост.

Транспарентното, богато и нежно масло за еластичност лесно се аплицира, брзо се апсорбира и не остава мрсни траги на кожата. Може да се користи секојдневно, на пример после бања, нанесувајќи го на целото тело користејќи меки движења за масажа. Редовните масажи ја активираат циркулацијата и ја прават кожата посилна. Од масажа направете ритуал за релаксација, смиреност и задоволство и за душата и за телото. Овие моменти може да бидат посебен дел од врската со Вашето бебе, кое често реагира на Вашиот допир.

Содржи:
Масло од соја – Маслото од соја е богато со полинезаситени масти. Идеално е како масло за масажа, бидејќи се дистрибуира рамномерно на кожата и лесно се апсорбира. Има навлажнувачки и омекнувачки својства, ја одржува еластичноста на кожата и ја намалува непријатноста на сувата кожа.

Масло од јојоба – Длабоко се апсорбира во кожата, ја храни, навлажнува и ја зајакнува нејзината еластичност. Содржи церамиди и витамин Е, кој е моќен антиоксиданс. Неговите антиинфламаторни својства го намалуваат црвенилото на кожата и воспалението.

Масло од трици со ориз – Содржи големи количини на омега-6 масни киселини и голем број на антиоксиданти. Ја негува микроциркулацијата на површината на кожата, ги регенерира клетките на кожата со што го олеснува метаболизмот, ја подобрува нејзината еластичност и цврстина и ја подмладува. Природните антиоксиданти што ги содржи, вклучително и витамин Е, штитат од предвремено стареење на кожата. Неговите хранливи и омекнувачки својства го прават идеален за сува и чувствителна кожа за време на бременоста.

Масло од бадем – Негува и хидрира, предизвикувајќи ефект на омекнување на кожата. Богато со есенцијални масни киселини (олеинска и линолеинска киселина), како и со витамини Д и Е, со што и помага на кожата да го врати природниот воден баланс. Многу погоден за сува, чувствителна и болна кожа бидејќи помага во производството на колаген, ги забрзува процесите на регенерација на кожата и ја подобрува јачината и еластичноста на кожата. Покрај тоа, спречува појава на стрии за време на бременоста.

Витамин Е – Витаминот Е (токоферол) е најефикасен антиоксиданс кој ја штити кожата од надворешните влијанија, како што се кислород, ултравиолетова светлина и загадување. Ги задржува витамините растворливи во масти (А и Д) во надворешните слоеви на кожата со што го помага нејзиниот раст и регенерација. Витаминот Е ја навлажнува, омекнува и ја прави кожата еластична, и затоа често се нарекува „фонтана на младоста“.