MaxMedica Vitamin C, 500mg, 10 таблети, 40 ленти

40 ден1,460 ден

Помага во спречување на настинки и грип
Помага во регенерација на кожата
Ги ублажува симптомите на алергија и астма

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

MaxMedica Vitamin C / Максмедика Витамин Ц /

Ефективноста на таблетите MaxMedica Вит Ц

Многу успешно се користат во лекување и ублажување на разни болести, пред се разни инфекции, повреди и слично.

Витаминот Ц придонесува за формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коските и ‘рскавицата. Исто така, помага да се создаде колаген за нормална функција на непцата, кожата, забите. Учествува во метаболизмот на производството на енергија, функционирањето на нервниот систем, нормалната психолошка функција, функцијата на имунолошкиот систем, како и заштитата на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц, исто така, помага во намалување на замор и исцрпеност, регенерирање на намалената форма на витамин Е и зголемување на апсорпцијата на железо.

Човечкото тело не синтетизира витамин Ц како што тоа го прават некои животни. На другата страна. Здравјето на човекот многу зависи од корисните својства на витамините, особено на витаминот Ц.

Витаминот Ц спаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Се апсорбира во мукозната мембрана на усната шуплина и во горниот дел на тенкото црево. Калциумот, магнезиумот, како и сите витамини и минерали го помагаат овој процес, а неговите придобивки се намалуваат со стресот, високата температура, тутунот, алкохолот, антибиотиците, аспиринот и оралните контрацептиви. Треба да се искористи широкиот спектар на неговата примена и токму затоа MaxMedica Vit C блистер од 10 таблети витамин Ц е производ кој ви ја дава максималната дневна доза на витамин Ц.

Витаминот Ц може да биде важен за лекување на астма, како и за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Го забрзува зараснувањето на раните и штити од разни загадувачи (вклучувајќи го и чадот од цигарите).

Овој витамин исто така игра важна улога во лекувањето на дијабетес. Неговата улога не се рефлектира во директно спречување или ублажување на болеста, туку во лекување на придружните негативни појави, кои се јавуваат поради дијабетес. Овие појави се заболување на непцата, бавно зараснување на раните, брзо стареење на кожата.

Најважното својство на витаминот Ц е неговата антиоксидантна активност. Може да има и антиатерогени, антиканцерогени, антивирусни, имуномодулирачки, латопротективни и заштитни ефекти на респираторниот тракт, антихипертензивни, антихистамински ефекти. Може да помогне во детоксикација на некои тешки метали како што се олово и други токсични материи. Витаминот Ц учествува во синтезата на колаген и други компоненти на сврзното ткиво, ја подобрува ресорпцијата на железо одржувајќи ја во намалена состојба, учествува во биосинтезата на кортикостероидите и алдостеронот, конверзијата на холестеролот, а според некои податоци го инхибира растот на Helicobacter pylori бактерии и помага во спречување на катаракта.

Помага за:

Зајакнување на имунитетот
Астма и алергија
Срцеви заболувања
Дијабетес тип II
Одвикнување од зависност

Начин на употреба: 1 – 2 таблети на ден, веднаш после јадење.

Состав на производот:

Активна состојка 1 таблета содржи  ПДВ*
Vitamin C 500 mg 625%

ПДВ* – препорачан дневен внес

Состав: Витамин Ц (L-аскорбинска киселина); средства против стврднување: микрокристална целулоза, талк, магнезиум стеарат; скроб; боја – рибофлавин.

 

Пакување

1 кутија, 10 таблети