Maxomucil 200mg 20 ќесички

260 ден

Maxomucil 200mg 20 kesicki

  • Н – ацетилцистеин, прополис, витамин Ц
  • Го разредува секретот и овозможува полесно искашлување
  • Допринесува за побрзо оздравување за време на настинката и по нејзе

 

Нема на залиха

Maxomucil 200mg 20 kesicki

МаксоМуцил 200  ( Maxomucil 200mg 20 kesicki ) е формулиран врз основа на Н-ацетилцистеин (NAC), прополис и витамин Ц.

Н-ацетилцистеин е силен муколитик, кој го разредува густиот, вискозен секрет  и овозможува негово полесно исфрлање, што го враќа нормалниот проток на воздух низ дишните патишта и го олеснува дишењето. Н-ацетилцистеин, исто така, покажува антиоксидантна активност, со тоа што ги штити клетките од штетните ефекти на слободните радикали кои ја нарушуваат нивната структура и функција.

Прополисот придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и благодарение на неговото природно антимикробно дејство, ја штити мукозната мембрана на респираторниот тракт од развој на бактериски, вирусни и габични инфекции. Прополисот содржан во МаксоМуцил е стандардизиран на 10% флавоноиди. Флавоноидите како основни активни принципи на прополисот се одговорни за неговото имуностимулаторно дејство и зајакнување на одбраната на организмот. Поради неговиот специфичен состав, не може да се развие отпорност на прополис.

Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес, нормален метаболизам на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста.

Чести прашања

Што се експекторанси, а што муколитици?

Експекторантите се агенси кои го олеснуваат и забрзуваат отстранувањето на бронхијалните секрети (слуз) од дишните патишта.

Муколитиците се еден од трите типа на експекторанси кои работат со разредување на густата, вискозна секреција во дишните патишта и го олеснуваат неговото искашлување.

Која е функцијата на секретот (мукус) во дишните патишта?

Мукусот е е провидна вискозна секреција на мукозните мембрани (слузница) која се состои од муцин, десквамирани епителни клетки, леукоцити и разни неоргански соли растворени во вода. Тоа е заштитен слој, кој ги обложува мукозните мембрани на респираторниот тракт и ги штити од хемиски и механички оштетувања.

Редовното исфрлање на слуз (мукоцилијарен клиренс) е природен, физиолошки процес со кој дишните патишта се штитат од негативното влијание на надворешната средина (инфективни агенси, алергени, непожелни макромолекули).

Како резултат на дејството на инфективните агенси, густината и вискозноста на слузот се зголемуваат и го спречуваат нормалниот процес на прочистување и како такво претставува добра основа за развој на бактерии и ширење на инфекција.

Како дејствува МаксоМуцил 200?

  • Помага при кашлање, придонесува за зајакнување на имунитетот и побрзо закрепнување
  • Разредува густа, вискозна секреција и овозможува полесно кашлање
  • Ги елиминира секретите од респираторниот тракт, овозможува нормален проток на воздух и олеснето дишење
  • Има имуностимулирачки ефект и ја зајакнува одбраната на организмот
  • Благодарение на своето антиоксидативно дејство, ги штити клетките од штетните ефекти на слободните радикали
  • Го забрзува закрепнувањето за време и по болеста
  • Спречува развој на суперинфекции и повторувања
  • Го олеснува чувството на замор, исцрпеност и истоштеност

Индикации

  • Продуктивна кашлица
  • Зголемена секреција во дишните патишта и отежнато дишење
  • Бактериски и вирусни респираторни инфекции придружени со кашлица

Состав

Пакување: 20 кесички

Начин на употреба:

Деца од 6 до 12 години: 1-2 дневно, содржината на 1 кесичка се раствора во пола чаша вода, се промешува и се пие веднаш.

Возразни и деца постари од 12 години: 2-3 пати дневно, содржината на 1 кесичка се раствора во пола чаша вода, се промешува и се пие веднаш.

Се препорачува внес на поголема количина на вода во текот на денот.

Состав на производот:

Активни состојки 1 -3кесичка Препорачан дневен внес
Н-ацетилцистеин 200-600 мг /
Витамин Ц ( во облик на Л-аскробинска киселина) 120 – 360мг 150-450%
Сув екстракт од прополис стандардизиран на минимум 10% флавоноид 30-90 мг /

 

Вкус на портокал.