MELUMIN ноќен крем
Anti-dark spots concentrated night cream
Интензивно ги осветлува хиперпигментираните места, дамки и нерамномерност на бојата, спречува формирање на нови дамки и ги стимулира регенеративните процеси. Кремот содржи папаин – ензим кој припаѓа на групата протеази, кој нежно ги отстранува мртвите епидермални клетки и ја стимулира епидермалната регенерација. Со редовна употреба, тенот изгледа посветол, поизедначен и промените во бојата на тенот се помалку видливи.
- Формулата содржи иновативен и патентиран комплекс Melumin Tristage, кој дејствува на повеќе нивоа благодарение на синергистичкиот сет на состојќи за депигментирање:
- Арбутин и витамин Ц, ја инхибираат активноста на тирозиназа – ензимот неопходен во процесот на создавање на меланин.
- Lightderm ја инхибира синтезата на меланин.
- Lightderm го ограничува бројот на меланозоми – органели на меланоцитни клетки, одговорни за синтеза и складирање на меланин.
- Ниацинамид го намалува трансферот на меланин во кератоноцитите во епидермисот – места каде се развива хиперпигментација.
- Благодарение на масло од авокадо и кокосово масло во формулата, кремот обезбедува ноќна регенерација, интензивно негување и хидратација на кожата.
- Шеа путерот и витаминот Е го одложуваат стареењето на клетките на кожата и спречуваат формирање на слободни радикали и помагаат кожата да го задржи својот младешки и сјаен изглед.
- Алантоинот штити од иритации.
Индикации:
- Флеки
- Сончеви дамки
- Старечки дамки
- Флеки од акни
- Хормонална и хиперпигментација предизвикана од лекови, мелазма
- Сива и кожа без сјај
СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: Ноќна нега за чувствителна кожа со темни дамки од различна етиологија, склона кон формирање на нови пигментирани места.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Нанесете навечер на исчистено лице, врат и деколте и оставете да се впие.