NBL GYNOBIOTIC

1,200 ден

НБЛ ГИНОБИОТИК го поддржува здравјето на дигестивниот, имуниот и уринарниот систем.

НБЛ ГИНОБИОТИК е погоден за обновување на цревната микрофлора и превенција на инфекции на уринарен тракт.

Нема на залиха

NBL GYNOBIOTIC

Екстракт од брусница, влакна (фруктоолигосахариди), пробиотски микроорганизми (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus)

1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ГИНОБИОТИК И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Една тврда транспарентна капсула содржи Vaccinium macrocarpon (екстракт од брусница), фруктоолигосахариди (влакна, 90 %), Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus.

Екстрактот од брусница може да биде ефективен против инфекции на уринарниот тракт затоа што спречува појава на Escherischia coli, бактеријата која што предизвикува најчесто инфекции на уринарниот тракт, преку прикачување за ѕидовите на мочниот меур.

Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежа на цревната микрофлора.

Исто така, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus помагаат во обновувањето на вагиналната микрофлора.

НБЛ ГИНОБИОТИК го поддржува здравјето на дигестивниот, имуниот и уринарниот систем.

НБЛ ГИНОБИОТИК е погоден за обновување на цревната микрофлора и превенција на инфекции на уринарен тракт.

2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ГИНОБИОТИК

Не употребувајте го НБЛ ГИНОБИОТИК:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од состојките на НБЛ ГИНОБИОТИК.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Консултирајте се со Вашиот лекар во случај на болест, употреба на лекови или за време на бременост или доење.

Овој производ не е лек.

Не се употребува за превенција или третман на болест.

Не содржи генетски модифицирани организми.

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било кои други лекови, вклучувајќи ги и лековите кои се издаваат без рецепт.

Употреба на НБЛ ГИНОБИОТИК со храна, пијалоци и алкохол

Не конзумирајте алкохол пред или по употреба на НБЛ ГИНОБИОТИК.

Бременост и доење

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт пред да почнете да употребувате лекови.

  • Ако сте бремени или доите, разговарајте со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник за совет пред да почнете со употребата на овој производ.

Доколку забремените за време на третманот, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар.

Возење и употреба на машини

Не се изведени студии за влијанието врз способноста за возење и управување со машини. Ве молиме внимавајте додека возите или управувате со машини, се додека не дознаете како овој производ влијае врз Вас.

Важни информации за некои од состојките на НБЛ ГИНОБИОТИК

Нема податоци.

3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ГИНОБИОТИК

За перорална употреба.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

НБЛ ГИНОБИОТИК се зема перорално.

Се препорачува да се земаат 2 капсули дневно, по можност со доручек или вечера.

Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате NBL GYNOBIOTIC.

Овој граничен производ е наменет за возрасни.

Времетраење на употреба

Освен ако Вашиот лекар не препорача поинаку, Ве молиме следете го упатството.

Вашиот лекар ќе Ве информира за периодот на употреба на НБЛ ГИНОБИОТИК.

Ако сте земале повеќе НБЛ ГИНОБИОТИК отколку што е потребно

Ако сте земале повеќе НБЛ ГИНОБИОТИК отколку што е потребно, треба да му кажете на Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да земете НБЛ ГИНОБИОТИК

Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш штом се сетите, не земајте двојна доза за да се надоместите заборавената индивидуална доза.

4. МОЖНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

НБЛ ГИНОБИОТИК може да предизвика несакани ефекти, кои не се јавуваат кај сите кои го употребуваат овој производ.

Сите несакани ефекти пријавени за овој додаток на исхрана не се вклучени во ова упатство. Ако Вашето општо здравје се влошува или ако Ви се појави некаков несакан ефект додека го земате овој производ, веднаш прекинете со употребата и консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник за совет.

5. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ГИНОБИОТИК

Чувајте го на температура под 25°C, во оригиналното пакување.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Не го користете NBL GYNOBIOTIC по истекот на рокот кој што е означен на пакувањето.

6. СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Како изгледа НБЛ ГИНОБИОТИК и содржина на пакувањето

НБЛ ГИНОБИОТИК се испорачува во кутија со 10 тврди транспарентни капсули.