NBL Probiotic Gold
ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Името на овој граничен производ е НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.
Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.
Пробиотиските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот тракт и го поддржуваат имунолошкиот систем.
Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора.
Исто така, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus помагаат во обновувањето на вагиналната микрофлора.
НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД е пребиотски, пробиотски и витамински производ кој се користи за одржување на здравјето на цревата и го поддржува имунолошкиот систем.
2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД
Не користете го НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД:
- Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните состојки или било која од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.
Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Овој производ не може да ја замени нормалната исхрана.
Наменет е за возрасни.
Не претствавува лек. Не се користи за превенција или лекување на болести.
Кажете му на Вашиот лекар или фармацевт ако земате или неодамна сте земале други лекови, вклучувајќи и лекови кои се купуваат без рецепт.
Употреба на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД со храна, пијалок и алкохол
Не употребувајте алкохол пред или по употребата на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД.
Бременост и доење
Кажете му на Вашиот лекар или фармацевт пред да почнете да го употребувате овој производ.
- Ако сте бремени или доите, Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник пред да го земете овој производ.
За време на третманот, ако забележите дека сте бремени, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар.
Возење и ракување со машини
Не се спроведени студии за ефектот врз способноста за возење и управување со машини. Ве молиме да внимавате кога возите или управувате со машини додека не дознаете како овој производ влијае на вас.
Важни информации за некои од состојките на НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД
NBL Probiotic Gold може да содржи траги од соја.
Производот содржи млеко и компоненти на млеко. Не користете го овој производ ако сте алергични на млеко или на некоја од компонентите на млекото.
3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД
Производот е наменет само за перорална употреба.
Не надминувајте ја препорачаната доза.
НБЛ ПРОБИОТИК ГОЛД, се зема само преку уста.
Се препорачува да се зема еднаш дневно, наутро или навечер со оброк или после јадење, помешан со храна, вода, млеко или јогурт.





