New Iron max, 60 капсули

1,820 ден

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна
Category:

New Iron Max
New Iron Max е иновативна, комплетна формулација за брз третман на дефицит на железо, без несакани ефекти врз гастроинтестиналниот систем.
Станува збор за комплекс на железо со глицин-аминокиселински хелат со додаток на витамин Б12, фолна киселина и витамин Ц, со следните супериорни карактеристики:
Мали и стабилни молекули: Без јонски полнеж, што го прави овој комплекс отпорен на дејството на стомачната киселина и ензимите, овозможувајќи непречена апсорпција во тенкото црево.
Без несакани ефекти: Не предизвикува мачнини, запек и дигестивни проблеми за разлика од ферус сулфатот, чија употреба често е поврзана со овие тегоби.
Висока биорасположивост: Има за 70-75% подобра апсорпција и четири пати поголема биорасположивост во споредба со сулфатната форма на железо.
Нема интеракции: Не ја попречува апсорпцијата на другите витамини и минерали.
Збогатен со Б12 и фолна киселина: Бидејќи анемијата често е предизвикана од недостаток на железо, Б12 и фолна киселина, важно е сите три компоненти да се внесуваат истовремено.
Содржи витамин Ц: Дополнително ја подобрува апсорпцијата на железото.
Прилагоден за сите: Капсулите се направени од хидроксипропил-метилцелулоза (HPMC), што ги прави соодветни за вегетаријанци и вегани.

Состав на New Iron Max (по капсула):
Железо (Fe-бисглицинат): 90 mg
Најкорисна форма на елементарно железо со висока биорасположивост, која не предизвикува мачнини и дигестивни пречки.
Витамин Ц: 180 mg
Ја зголемува апсорпцијата на железото и помага во намалување на заморот и исцрпеноста.
Фолна киселина: 400 mcg (0.4 mg)
Клучна за процесот на создавање крв и развој на ткивата, особено важна за време на бременост.
Витамин Б12: 9 mcg (0.009 mg)
Придонесува за нормално формирање на црвените крвни зрнца и правилно функционирање на имуниот систем.

Кому му е наменет New Iron Max?
Овој комплекс е специјално одбрана комбинација за:

Трудници и доилки
Жени во репродуктивен период
Вегани и луѓе на вегетаријанска исхрана
Пациенти со болести на гастроинтестиналниот тракт и воспалителни болести на цревата.
Пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција.
Лица со целијакија.
Онколошки пациенти со анемија.
Пациенти со кардиоваскуларни заболувања (срцева слабост, коронарна болест).
Спортисти и адолесценти.

Препорачана доза и начин на употреба:
Дозирање: Една капсула дневно со вода или сок.
Возраст: Производот може да го користат деца на возраст од 14 години и нагоре.
Чист состав: Не содржи вештачки бои, засладувачи и конзерванси.

Пакување: 60 капсули.