NOGRIPPIN сируп

185 ден

За отстранување на симптомите на акутните инфекции при настинка, грип и алергии

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

 

NOGRIPPIN сируп е комбиниран лек кој содржи 3 активни компоненти:

  • Аналгетик и антипиретик – парацетамол
  • Антихистаминик – хлорфенирамин малеат
  • Антитусик – оксоламин цитрат кој делува на кашлицата со разредување на секретот

NOGRIPPIN сируп се употребува при:

  • Покачена телесна температура
  • Кашлица и болки во грлото
  • Затнат нос и синуси

Начин на употреба: Препорачана дневна доза за деца меѓу 6и 12 години е 2.5- 5ml на секои 6-8 часа. Можете да земете максимум 4 одмерни лажички на ден.

Деца на возраст над 12 години и возрасни:1-2 одмерни лажички (5-10ml) одеднаш, на секои 6-8 часа. Можете да земете максимум 8 одмерни лажички на ден.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.